DS94ILS/I кондензациска сушара со топлотна пумпа
46.990,00 ден

DS94ILS/I

наскоро
кондензациска сушара со топлотна пумпа
Кондензациска машина за сушење алишта со топлотна пумпа Капацитет на сушење: Голем волумен на барабанот - 9 кг Енергетска класа: А-40% - Троши 40% помалку енергија од енергетска класа А Исправување на влакната на ткаенината со помош на јонизатор (IonTech) Генератор на пареа (SteamTech) Инвертер мотор (PowerDrive)
46.990,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

IonTech

Минимално туткање. Максимална свежина.
Воздухот полн со негативни јони ја суши вашата облека, така што таа многу малку се тутка. Јонизаторот го отстранува поголемиот дел од алергените, остатокот од чад, полен и електростатичкото полнење создадено во текот на процесот на сушење. Како резултат на тоа, облеката секогаш свежо мириса и може полесно да се пегла.
Повеќе
Затвори

WaveActive барабан

За нежно сушење на секој вид ткаенина
Единствениот брановиден облик на барабанот ја омекнува ткаенината и овозможува најнежно сушење, за совршено суви алишта со минимално туткање.

SteamTech

За мека облека без набори
Дополнителниот третман со пареа на крајот од одбраната програма значително ги намалува наборите, алергените и бактериите. Барабанот на машината е полн со пареа која поминува низ секоја ткаенина и ја прави мека, а пеглањето е речиси непотребно.

Инвертер PowerDrive

Моќен, но тивок мотор
Овој тивок, но исклучително ефикасен мотор, така е дизајниран за да овозможи долговечност на вашата машина за сушење, додека истовремено штеди електрична енергија со секој циклус на перење.

Инвертер компресор

Високоефикасно сушење
Овој тивок компресор ја приспособува работата моментално, така што вашата облека ќе биде исушена за најкратко можно време, со консумирање на минимална моќност.

А-класа на ефикасност на кондензацијата

Ги елиминира проблемите со вишокот на влажност при сушење облека
Во секој циклус на сушење, WaveActive машините за сушење алишта кондензираат импресивни 90% од влажноста од облеката, со што алиштата се целосно суви и се елиминираат проблемите со вишокот на влага во вашиот дом. Тоа значи дека машина за сушење алишта со А класа на кондензација годишно во вашиот дом ќе ослободува 55 литри вода помалку во однос на машина за сушење алишта со Б класа на кондензација.
Повеќе
Затвори

Пареа за освежување (SteamRefresh)

Облека без непријатни мириси и набори
Овој 18-минутен третман со пареа ги отстранува повеќето набирања, го елиминира кој било мирис и ги освежува вашите ќебиња, зимската гардероба или која било друга облека, што ја прави оваа програма идеален избор тогаш кога сакате само брзо да ја освежите облеката или да го избегнете пеглањето.
Повеќе
Затвори

IonRefresh

Брзо освежување на вашата гардероба
Дали мора брзо да ги отстраните мирисите од вашата облека? Со оваа специјална програма за освежување со јони, IonRefresh, вашата облека ќе биде свежа и спремна за носење за само 30 минути така како штотуку да сте ја испрале.

Едноставно управување

Три чекори и подготвени сте
Едноставното управување со централно позиционираниот програматор ви овозможува да почнете со сушење во 3 лесни чекори; вклучете ја машината, одберете програма и притиснете го копчето за старт! Нема потреба од вклучување на дополнителни функции или програми. Сепак, ако сакате, имате можност да одберете различни програми, на пример доколку сакате вашата гардероба да биде исушена на некој посебен начин.
Повеќе
Затвори

TwinAir

Рамномерно сушење дури и на најголемите делови од постелнината
Дури и најголемите делови од постелнината ќе бидат меки, рамномерно исушени и помалку истуткани, кога ќе ги извадите од машината за сушење, благодарение на патентираниот двонасочен систем на довод на топол воздух.

Опции за сушење

Совршено за сите ваши потреби
Нашата технологија ви обезбедува секој вид ткаенина да биде исушена на најдобар можен начин, со идеална комбинација на температурата, вртењето на барабанот и времето на сушење. Фабричките програмирања можат понатаму да го приспособуваат сушењето кон вашите потреби со користење на различни опции.
Повеќе
Затвори

Брза програма 40‘

Вашата омилена гардероба секогаш подготвена за носење
Вашите алишта можат да бидат исушени за само 40 минути со оптимизација на сите фази за сушење кај машините опремени со Инвертер PowerDrive мотор.

EcoEye

Потрошувачката на енергија секогаш под контрола
Индикаторот EcoEye ви дава едноставен преглед колку е енергетски ефикасна програмата што сте ја избрале и ви помага да ја намалите потрошувачката на енергија.

Спортска програма

Спортската облека подготвена за облекување
Чувствителната спортска облека и другите слични ткаенини бараат посебен третман. Поради таа причина, развиена е програма специјализирана за сушење облека којашто инаку не би можела да се суши во машина за сушење алишта.

Топлотна пумпа

Економична и нежна
Машините за сушење со технологија на топлотна пумпа можат да се пофалат со одлична енергетска ефикасност која овозможува значителна заштеда во потрошувачката, но и понежно сушење во однос на конвенционалните системи за сушење. Температурата во пумпата за загревање на машината за сушење достигнува околу 50 °C, што овозможува да се исуши речиси сета облека, а исто така, да се превенира пресушување и губење на формата.
Повеќе
Затвори

Постелнина

Совршено суви без заплеткување
Сушење големи чаршафи и постелнина во машина за сушење алишта може да резултира со голем извртен јазол во машината за сушење алишта. Програмата за постелнина со внимателно осмислени алгоритми и ротација на барабанот во двете насоки, спречува извртување и обезбедува одлични резултати на сушење.
Повеќе
Затвори

Одложен почеток (StartDelay)

Исушено во вистинско време
Однапред наместете го почетокот на процесот за сушење и оставете ја машината за сушење да работи тогаш кога ви е најпогодно, на пример, во часовите кога електричната енергија е поевтина. Облеката ќе биде сува во согласност со претходно избраното ниво на сувост и подготвена за пеглање или за редење во шкафот.
Повеќе
Затвори

Против туткање (AntiCrease)

Минимално пеглање
Не сте во можност веднаш да ја извадите облеката од машината за сушење? WaveActive машината за сушење алишта периодично ќе ја превртува облеката три часа по завршувањето на циклусот на сушење, за да се зачува облеката од непотребно туткање.

StableTech

Помалку вибрации. Помалку бучава.
Овие специјални странични облоги ги намалуваат вибрациите на машината за сушење на минимум за да се намали бучавата за време на процесот на сушење и да се осигура поголема стабилност на апаратот.

Осветлување на барабанот

Стоп за распарувањето на чорапите
Внимателно поставеното ЛЕД осветлување елегантно го осветлува барабанот и обезбедува едноставно полнење и празнење на барабанот.

Вакуумски ногалки

Стабилно на врвот
Вакуумските ногалки ви овозможуваат сигурно сместување на машината за сушење алишта врз машината за перење алишта.

Погодно отворање на вратата

Совршено вметнување алишта
Голема врата, направена од едно парче пластика, без додатни навои, кои обезбедуваат стабилност и го спречуваат досадното чкрипење. Се отвора потполно, под 180 степени, па затоа полнењето и празнењето на барабанот не може да биде поедноставно.

Автоматско цедење (AutoDrain)

Без рачно празнење на садот за кондензат
Ако садот за кондензат на одводната цевка AutoDrain ја поврзете со одводот, веќе нема да биде потребно рачно празнење на садот.

ChildLock

Сигурност за љубопитните деца
Управувачката плоча може да се заклучи со притискање на одредена комбинација на копчиња, спречувајќи ги децата да го користат апаратот, ако вие не сте во близина, или за да се спречи ненамерното менување на поставките.

SoftSound

Нема иритирачки звуци
WaveActive машините за сушење алишта не се нежни само кон вашите алишта, туку и кон вашите уши. Придушените тонови нежно ќе ви дадат информација за функциите и за програмите што сте ги избрале.

JoggerDial

Едноставна селекција со вклучување на програмата
Програмата JoggerDial обезбедува брза и лесна селекција на програмите за сушење. Со помош на ЛЕД индикаторот, одбраната програма е јасно видлива од сите агли и со помош на амбиенталната светилка.

Сeнзорскo сушење

Сензорска технологија за ефикасна работа
Напредната сензорска технологија автоматски го контролира процесот на сушење на облеката согласно со одбраната програма, со видот на облеката и со саканиот степен на сувост на облеката. Сензорите ќе го запрат процесот на сушење тогаш кога облеката ќе го достигне зададениот степен, за да не се пресуши.
Повеќе
Затвори

A+++ (-10%)

Врвна енергетска ефикасност
Благодарение на новиот инвертерски PowerDrive мотор, на PowerDrive компресорот, на оптимизираните програми и на напредните решенија, машините за сушење на Gorenje ги комбинираат одличните резултати од сушењето со ниската потрошувачка на електрична енергија.
повеќе функциипомалку функции

Технички карактеристики

Енергетска класа: A+++(-10%) - троши 40% помалку енергија од машините со А енергетска класа

Класа на ефикасност на кондензација

Боја: Бела

Инвертер мотор (PowerDrive)

WaveActive барабан

Капацитет на сушење: Голем волумен на барабанот - 9 кг

Двојно струење на воздухот (TwinAir)

Осветлен барабан

Врата: 35 cm

Агол на отвoрање на вратата: 180 °

Реверзибилно движење на барабанот

Можност за директен одвод на кондензатот (AutoDrain)

Инвертер мотор (PowerDrive)

Персонализирани подесувања на сите програми

Тип на дисплеј: ЛЕД дисплеј

Копчиња: Старт/Пауза

14 програми

Одбирање на временското траење на сушењето (30, 60, 90 min): Во чекори

Освежување со јони (IonRefresh)

Брза програма 40'

Генератор на пареа (SteamTech)

Поставување на новото на сушење

Систем против туткање

Одложен старт

Програми со пареа (Програма за израмнување на наборите со пареа и Освежување со пареа)

Начин на сушење

Исправување на влакната на ткаенината со помош на јонизатор (IonTech)

Звучен сигнал

Едноставна употреба

EcoEye

Едноставно чистење на филтерот

Сигнал за полн сад за кондензатот

Прикажување на преостанато време на сушење

Вакумски ногарки за поставување на сушарата над машината за перење

Сензор на влажност

Заклучување - заштита за деца (CDP)

Барабан од не'рѓосувачки челик

Бучност: 66 dB(A)re1pW

Потрошувачка на енергија kWh/год.: 187 kWh

Херметички затворен апарат: Да

Тип на фреон: R134A

Потенцијал за глобално затоплување: 1430 GWP

Количество плин: 0,34 kg

Количина изразена во еквивалент CO2: 0,49 t

Производот содржи еколошки плин: Да

Димензии (ШxВxД): 60 × 85 × 62,5 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 91 × 69 cm

Нето тежина на апаратот: 53 kg

Бруто тежина на апаратот: 55 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 0,4 W

Приклучна моќ: 1.800 W

Осигурувач: 10 A

Код: 729367

EAN Код: 3838782079184

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice