D98F65F кондензациска сушара со топлотна пумпа
43.490,00 ден

D98F65F

кондензациска сушара со топлотна пумпа
Кондензациска машина за сушење алишта со топлотна пумпа Капацитет на сушење: Голем волумен на барабанот - 9 кг Енергетска класа: A++ Исправување на влакната на ткаенината со помош на јонизатор (IonTech) Генератор на пареа (SteamTech)
43.490,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

Пумпа за загревање со двојно струење на воздухот (HeatPump со TwinAir)

Револуционерна ефикасност на сушењето
Сите машини за сушење со пумпа за загревање се гордеат со висока енергетска ефикасност. Високоизградените модели рангирани во A+++ енергетската класа, заштедуваат 50% од енергијата во споредба со оние во A енергетската класа. Машината за сушење на Gorenje од A+++ класа, со капацитет од 9 kg, е единствена на пазарот. Оптимизираната пумпа за загревање во еден од најголемите барабани на светот, со капацитет од 120 литри, може лесно да се справи со големи количини облека. Ова беше овозможено, исто така, и преку пошироки воздушни канали. Таа, исто така, суши понежно отколку конвенционалните системи за сушење. Температурата во машината за сушење е на идеалните 50 °C поради заштита од пресушување.
Повеќе
Затвори

IonTech

Борба против алергиите со јони
Во SensoCare машините за сушење, негативно наелектризираните јони ја сушат облеката на начин којшто значително го намалува развлекувањето на вашите алишта. Јонизаторот емитува негативни јони за ефективно да се елиминираат повеќето алергени, остатоци од чад и полен и електростатскиот полнеж насобран за време на процесот на сушење. Како резултат на тоа, облеката има подобар мирис и таа е полесна за пеглање.
Повеќе
Затвори

SteamTech

Помалку набори, помалку пеглање
Дополнителниот третман со пареа на крајот од избраната програма ќе обезбеди вашите алишта да бидат помазни. Барабанот е наполнет со пареа којашто навлегува во секоја ткаенина, за да биде облеката помека, така што таа речиси и не бара пеглање.

SensorIQ

Технологија на сензор за безбедно работење
„Смарт“ сензорната технологија автоматски го контролира процесот на сушење во согласност со избраната програма, типот на облека и посакуваното сушење на алиштата. Ефикасната комуникација преку сензор заштитува од секакви грешки и најдобро ја одржува животната средина при сушењето на испраните алишта. Сензорот, исто така, ги набљудува сите други параметри за да ја намали потрошувачката на енергија.
Повеќе
Затвори

Можност за директен одвод на кондензатот (AutoDrain)

Нема повеќе рачно празнење на резервоарот за кондензација
Машината за сушење со кондензација со AutoDrain црево може да биде поврзана со вашиот систем за сушење заради отстранување со што се надминува потребата за рачно празнење на резервоарот за кондензација.

Голем капацитет и до 9 kg полнење

Повеќе исушени алишта во еден циклус. Gorenje машините за сушење можат да исушат и до 9 kg алишта (120 литри капацитет), што ги прави супериорни во споредба со другите слични апарати на пазарот и осигурува оптимално сушење на големи количини алишта. Вратата која се отвара до 180 степени и големиот 35 cm отвор на барабанот го прави полнењето и празнењето на машината полесно, особено кога станува збор за големи парчиња, како завеси, постелнина, ќебиња или перници. Некои модели имаат и LED светло во внатрешноста на барабанот, што овозможува полесен преглед при полнењето и празнењето.
Повеќе
Затвори

FiltrationSupreme

Најголем и најефикасен систем за филтрирање на пазарот
Gorenje има најефикасен систем за филтрирање во светот, што обезбедува 40% поефикасно филтрирање на воздухот отколку конвенционалните системи. Тој вклучува специјален 3D филтер инсталиран пред единицата за кондензација, филтер на вратата на машината за сушење и филтер во барабанот. Овие филтри ги фаќаат дури и најмалите делови од прав и од влакна од ткаенината од која се изработени алиштата. После циклусот на сушење, филтерот на вратата и филтерот на барабанот едноставно се пребришуваат.
Повеќе
Затвори

Сушење на помали количини алишта

Ефикасно сушење и на едно парче облека. Gorenje машините за сушење дозволуваат сушење на само едно парче облека. Предноста на овој начин на сушење е што за многу кратко време добивате исушена облека која ви е потребна, без да чекате останатата облека да се исуши.

UltraSOFT - сензационална мекост

Машините за сушење се карактеризираат со најсовремени постапки на сушење и заштита од гужвањето на алиштата. Интелигентната сензорска технологија SensoriQ го оптимизира процесот на сушење и со тоа овозможува одлична нега на алиштата и намалена потрошувачка на електрична енергија. Можете да бирате помеѓу регуларниот NormalCARE метод за сушење и GentleCARE методот со прилагодена температура на сушење. Програмите се прилагодени на современиот начин на живот и тие ќе се погрижат за безбедна работа на машината за сушење и нега на вашите алишта.
• SteamTech - технологија на сушење со помош на пареа
• IonTech - зацврстување на влакната со помош на воздушен јонизатор
• TwinAir - двосмерен систем за дување на воздухот
• SensoCARE - прилагоден начин на сушење
• Машина за сушење алишта опремена со топлотна пумпа А++
• Екстра голем волумен на барабанот 9 kg, 120 l
Повеќе
Затвори

Сигурносно заклучуваче (ChildLock)

Вратата не може да се отвори за време на процесот на сушење. За дополнителна безбедност, контролната табла може и да се заклучи со едноставно притискање на копче или комбинација на копчиња.

TwinAir

Рамномерно сушење за едноставно пеглање
Меки, рамномерно исушени, помалку истуткани алишта што се лесни за пеглање, право од машината за сушење. Ова е возможно преку двонасочниот воздух што дува од системот којшто го приспособува правецот на дување на правецот на ротација на барабанот со користење на специјален преклопец на вентилаторот.
Повеќе
Затвори

Едноставно управување

Посакувани резултати во само три чекори
Ергономски дизајнираната контролна табла овозможува едноставна контрола на процесот на сушење; едноставни постапки од десно кон лево. Најчесто користените програми за сушење се позиционирани на левата страна од контролното копче. До копчето има селекција на дополнителни опции, како одложен старт на сушењето или сушење на пониска температура, до кои има LED индикатори и LCD екран. Контролната табла завршува со копче за „старт“ и „пауза“ на левата страна од сушарата. Ваквиот дизајн на контролната табла на корисниците им овозможува едноставно и позитивно искуство при користењето.
Повеќе
Затвори

GentleCare

Нежно сушење на деликатните ткаенини
Специјализираната грижа за најделикатните ткаенини функционира на ниска температура од 40 °C. Подолгиот циклус на сушење е потполно безбеден и доверлив, бидејќи ја штити вашата облека од секакво деформирање или оштетување.
повеќе функциипомалку функции

Технички карактеристики

Енергетска класа: A++

Боја: Бела

Капацитет на сушење: Голем волумен на барабанот - 9 кг

Исправување на влакната на ткаенината со помош на јонизатор (IonTech)

Двојно струење на воздухот (TwinAir)

Кондензациска машина за сушење алишта со топлотна пумпа

Волумен на барабанот: 120 l

Осветлен барабан

Врата: 35 cm

Агол на отвoрање на вратата: 180 °

Реверзибилно движење на барабанот

Можност за директен одвод на кондензатот (AutoDrain)

Персонализирани подесувања на сите програми

Тип на дисплеј: ЛЦД дисплеј

27 програми

Генератор на пареа (SteamTech)

Одбирање на временското траење на сушењето (30, 60, 90 min): Во чекори

ниска температура на сушење

Систем против туткање

Одложен старт

Звучен сигнал

Систем за филтрирање (FiltrationSupreme)

Покажувач на процесот на перење на ЛЦД екран

Сигнал за полн сад за кондензатот

Прикажување на преостанато време на сушење

Вакумски ногарки за поставување на сушарата над машината за перење

Сензор на влажност

Сервисна дијагностика

Автоматско исклучување во случај на прегревање

Автоматско исклучување при отворена врата

Заклучување - заштита за деца (CDP)

Барабан од не'рѓосувачки челик

Бучност: 66 dB(A)re1pW

Потрошувачка на енергија kWh/год.: 259 kWh

Димензии (ШxВxД): 60 × 85 × 60 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 91,5 × 68,5 cm

Нето тежина на апаратот: 53 kg

Бруто тежина на апаратот: 55 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 0,53 W

Приклучна моќ: 1.800 W

Осигурувач: 10 A

Код: 527244

EAN Код: 3838942091995

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice