WS60SY2B Машина за перење
18.790,00 ден

WS60SY2B

Машина за перење
Капацитет за перење: 1-6,5 kg Број на вртежи на центрифугата: 1.000 rpm Енергетска класа: A+++
WS60SY2B
„Jet“ црнаПрикажи ги сите варијанти
кликни сокриј
18.790,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

SensorIQ сензорска технологија

Оптимални резултати со значителна заштеда
Бројните сензори континуирано вршат мониторинг на процесот на перење. Базирано на собраните информации, интелигентната сензорска технологија автоматски го прилагодува процесот на перење според одбраната програма, типот и тежината на алиштата.

AdaptTech перење

Нема потреба да ги повторувате вашите прилагодувања
Машината за перење ќе ги запомни вашите прилагодувања за бројот на вртежи за секоја дефинирана програма. Исто така, ќе запомни доколку изберете повисоко ниво на вода или предперење за одредена програма. Последните подесувања ќе бидат предложени кога повторно ќе ја користите истата програма.
Повеќе
Затвори

Долготраен грејач (DuraHeat)

Безбедно и трајно
Редизајнираниот и надграден грејач вклучува заштитен систем за прегревање. Ова го продолжува времето на користење и ја прави машината за перење побезбедна при работење.

Звучен сигнал (SoftSound)

Звучни сигнали за подобро корисничко искуство
Освен исклучителниот дизајн, Gorenje машините за перење се пријатни и за уво. Стандардните звучни сигнали и високо квалитетните звучници придонесуваат за уште попријатно искуство. Посебно внимание е посветено на звукот кој се произведува при движење на програматорот и копчињата, при отворање на садот за детергент и вратата на машината.
Повеќе
Затвори

Програма за самочистење (SterilTub)

Решение за пријатен мирис на вашите алишта
Оваа програма обезбедува внатрешноста на машината за перење да остане совршено чиста и стерилна, овозможувајќи пријатен мирис на облеката. Перењето со прашок за перење на пониски температури може да води кон идеални состојби за развој на бактерии што за возврат би можело да предизвика непријатен мирис на вашите алишта. SterilTub работи со празен барабан и елиминира какви било бактерии од внатрешноста на машината.
Повеќе
Затвори

AquaStop

Без опасност од поплава
Безбедносниот систем автоматски го затвора снабдувањето со вода до цревото и до машината во случај на истекување заради заштита од поплава. Пумпата автоматски ја испумпува останатата вода од барабанот во испусното црево. Така, машината за перење може да биде оставена да работи без да се надгледува, без каков и да е страв од поплавување. Висококвалитетните модели се опремени со специјален сензор инсталиран на дното од машината за перење. Во случај на истекување, сензорот моментално ќе го прекрати снабдувањето со вода на уредот.
Повеќе
Затвори

Контрола на стабилност

Стабилност на машината за време на процесот на работа. Системот за контрола на стабилност ќе се погрижи за рамномерна распределба на алиштата во барабанот. Ако сензорот за контрола на стабилност детектира нерамнотежа, ротацијата на барабанот ќе биде запрена за да се направи правилна прераспределба на алиштата.
Повеќе
Затвори

Програмирање на почетокот на работата на машината за перење

Испрани алишта во вистинско време
Сите модели на машини за перење алишта нудат опција да се одложи почетокот на перењето и до 24 часа однапред. Оваа функција нуди можност да ја искористите поевтината ноќна тарифа на електрична енергија.

Одлична енергетска ефикасност

Заштеда на електрична енергија до 30%
Многу иновативни решенија како што се ефикаснте и пргограмски алгоритми, SpaDrum барабанот на машините за перење алишта и QuickWet ефикасниот систем за натопување на алиштата, во комбинација со интелигентната SensorIQ сензорска технологија, овозможуваат одлична енергетска ефикасност. Моделите од линијата Simplicity на Gorenje имаат енергетска класа A+++ или A-30%, што значи дека користат 30% помалку електрична енергија од апаратите со А класа.
Повеќе
Затвори

Сигурносно заклучување (ChildLock)

За време на перењето, вратата останува заклучена, заштитувајќи го дури и најљубопитното дете од можноста тоа да ја отвори вратата. Како дополнителна заштита, контролната табла може да биде заклучена со притискање на специјална комбинација на копчиња, правејќи невозможно случајно да се сменат поставките.
Повеќе
Затвори
повеќе функциипомалку функции

Технички карактеристики

Енергетска класа: A+++

Боја: Црна

Колекторски мотор

Иновативен облик и дизајн на барабанот (SpaDrum)

Број на вртежи на центрифугата: 1.000 rpm

Капацитет за перење: 1-6,5 kg

Волумен на барабанот: 42 l

Тип на дисплеј: ЛЕД дисплеј

Одложен почеток на перење (24 часа)

Регулирање на бројот на вртежи

Ладно перење: Копче

Персонализирани подесувања на сите програми

16 програми

Основни програми: Памук, Брзо перење (QuickWash), Микс синтетика, Рачно перење (HandWash), Спорт програма

Специјални програми: Памук 30 с - 17 минути / Памук 20 С

Можност за перење без центрифуга

Регулирање на температурата

Quick програма

Звучен сигнал

Програма за самочистење (SterilTub)

Сензорска технологија (SensorIQ)

Интелигентен систем на памтење (AdaptTech перење)

Сервисна дијагностика

Рачно извлекување

Долготраен грејач (DuraHeat)

Делумен AquaStop

Заклучување - заштита за деца (CDP)

Контрола на стабилност (SCS)

Годишна потрошувачка на вода: 9.209 l

Ниво на бучност при перење: 56 dB(A)re1pW

Ниво на бучност при центрифугирање: 68 dB(A)re1pW

Тип на апарат: Машина за перење

WS60SY2B

Димензии (ШxВxД): 60 × 85 × 44 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 91 × 51,5 cm

Нето тежина на апаратот: 63 kg

Бруто тежина на апаратот: 65 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 1 W

Приклучна моќ: 2.000 W

Осигурувач: 10 A

Код: 434887

EAN Код: 3838942957758

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice