WS168LNST Машина за перење

WS168LNST

Машина за перење
Капацитет за перење: 1-10 kg Број на вртежи на центрифугата: 1.600 rpm Енергетска класа: А+++(-20%) - троши 50% помалку енергија од машините со А енергетска класа Ефикасно отстранување на дамки (StainExpert) Инвертер мотор (PowerDrive)
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

IonTech

30% поефикасно ги отстранува дамките
IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, за да ја отстрани нечистотијата поефикасно, без висока температура или користење на додатни хемикалии. Прашокот за алишта подобро се раствора во водата, што овозможува урамнотежено перење на алиштата и 30% поефикасно отстранување на дамките, дури и при ниски температурни перења. IonTech, исто така, спречува создавање талог од бигор на грејачот, што го продолжува животниот век на машината.
Повеќе
Затвори

WaveActive барабан

Нежно перење на сите видови алишта
Единствениот брановиден облик на WaveActive барабанот во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење. За совршено чисти и минимално истуткани алишта.

Инвертер PowerDrive мотор

Моќен, но тивок мотор
Овој тивок, но исклучително ефикасен мотор, така е дизајниран, за да овозможи вашата машина за перење алишта да биде долговечна, додека истовремено ја заштедува електричната енергија со секое перење. Поради неговата долговечност, Gorenje ви нуди и 10 години гаранција на овој мотор.

IonWash 59‘

Совршено чисти алишта за помалку од еден час
Програмата IonWash 59' брзо и нежно ќе отстрани над 30% од дамките, осигурувајќи А резултати од перењето, дури при полнење на барабанот и до ¾ од неговата зафатнина.

Експерт за дамки (StainExpert)

Најефикасно отстранување дамки
За ефективно отстранување на дамките веќе не е неопходна висока температура или додавање на дополнителни хемикалии пред перењето. Совршената комбинација од температура, време и количество вода, автоматски ќе отстрани до 36 различни видови упорни дамки од 3 главни групи: овошје (портокал, кечап); органска материја (маст, путер, јајца, трева) и кафе (вклучувајќи чај, чоколаден пудинг, паста, шминка).
Повеќе
Затвори

Помош при дозирање (DoseAid)

Оптимална доза детергент за секое полнење
DoseAid секогаш ќе ви помогне да ја определите оптималната доза на детергент, без оглед на количината на алишта што сте ги ставиле да се перат. Така ќе бидете сигурни дека детергентот го употребувате на најекономичен и на најздрав начин.

Автоматско перење (AutoWash)

Секогаш вистинската програма
Не можете ли да се одлучите која програма да ја изберете? Едноставно изберете AutoWash и вашата машина за алишта ќе ja избере најдобрата програма за перење алишта кои имате намера да ги исперете. Можете да се опуштите, алиштата ќе бидат беспрекорно чисти, без оглед на тоа од каков материјал се изработени.
Повеќе
Затвори

Освежување со пареа (SteamRefresh)

Секогаш освежени алишта
Оваа единствена програма со помош на парен генератор создава големи количества пареа кои ја освежуваат гардеробата и значително го олеснуваат пеглањето.

Едноставно управување

Три чекори и подготвени сте
Едноставното управување со централно позиционираниот програматор ви овозможува да го почнете перењето во три лесни чекори; вклучете ја машината за перење на алиштата, одберете ја програмата и притиснете го копчето за старт! Нема потреба од вклучување на дополнителни функции или програми. Сепак, ако сакате, имате можност да одберете различни програми, на пример доколку сакате вашата гардероба да биде испрана на одреден начин.
Повеќе
Затвори

EcoEye

Потрошувачката на енергија секогаш под контрола
EcoEye индикаторот ви дава едноставен преглед колку е енергетски ефикасна програмата што сте ја избрале и ви помага да ја намалите потрошувачката на вода и енергија.

Заштита од алергии (AllergyCare)

Дополнителна заштита за чувствителна кожа
Програмата AntiAllergy користи повисока температура и дополнителни плакнења и со тоа ефикасно ги отстранува сите траги од детергентот на ткаенината. Алергените, кои можат да предизвикаат непријатно чувство, се отстрануваат од алиштата и со тоа ја штитат и најчувствителната кожа.

StableTech

Поголема стабилност во текот на работата
Посебно дизајнираните страни на машината ги намалуваат нејзините вибрации во текот на работата, поради што таа е постабилна и значително потивка дури и додека работи на највисоките брзини на центрифугата.

SterilTub

Алишта со секогаш пријатен мирис
Користењето на детергентот на пониски температури може да доведе со идеални услови за развој на бактерии кои на крајот од перењето можат да предизвикаат непријатен мирис на вашите алишта. SterilTub ќе ги отстрани сите бактерии во внатрешноста на машината за перење на алишта и ќе обезбеди вашите алишта секогаш убаво да мирисаат.
Повеќе
Затвори

Погодно отворање на вратата

Совршено вметнување алишта
Голема врата, направена од едно парче пластика, без додатни навои, кои обезбедуваат стабилност и го спречуваат досадното чкрипење. Се отвора потполно, под 180 степени, па затоа полнењето и празнењето на барабанот не може да биде поедноставно.

Начини на перење

Совршено приспособени на потребите за вашите алишта
Нашата технологија обезбедува најдобар третман за секаков вид на алишта, користејќи оптимална комбинација на температура, количество вода, време на перење и брзина на центрифугирање. Наведените поставки можат да се приспособат дополнително во врска со различните начини на перење, овозможувајќи ви избор од најдобрите комбинации на поставките за вашите моментални потреби.
Повеќе
Затвори

Супер тивко (SuperSilent)

Подготвени за ноќно перење
Најтивките модели на WaveActive машините за перење алишта работат на степен на бучава што е еднаков на разговор на ниво на шепотење помеѓу две лица. Тивката работа е резултат на посебна звучна изолација, ефикасни мотори, висококвалитетни материјали и иновативни решенија за системот за перење.
Повеќе
Затвори

Осветлување на барабанот

Стоп за распарените чорапи
Внимателно поставеното ЛЕД осветлување елегантно го осветлува барабанот и обезбедува негово едноставно полнење и празнење.

ChildLock

Сигурност за љубопитните деца
За време на перењето на алиштата, вратата на машината за перење е заклучена, така што дури и најупорните мали љубопитници ќе бидат спречени доколку се обидат да ја отворат вратата на машината за перење. За дополнителна заштита, може да се заклучи и панелот за управување, со притискање на посебна комбинација на копчиња, за да се спречи ненамерното менување на поставките.
Повеќе
Затвори

SoftSound

Без иритирачки звуци
WaveActive машините за перење алишта не се нежни само кон вашите алишта, туку и кон вашите уши. Придушените тонови нежно ќе ви дадат информација за функциите и за програмите кои сте ги избрале.

Четири длабочини

Одговара секаде
Било во мали бањи било во големи простории наменети за перење алишта, машините за перење алишта WaveActive се дизајнирани за да им одговорат на вашите конкретни потреби. Можете да изберете помеѓу четири различни длабочини: тенките модели (43 cm и 46,5 cm) имаат капацитет на полнење од 6 до 7 кг, а моделите со полна големина (54,5 cm и 61 cm) и капацитет на полнење до 10 кг.
Повеќе
Затвори

Брза програма 20‘

Вашата омилена гардероба секогаш подготвена за носење
Само 20 минути е доволно за да ја освежите вашата нова маица и други помалку валкани алишта. Значи вашата облека секогаш ќе биде подготвена.

JoggerDial

Едноставен избор со вклучување на програмата
Програмата JoggerDial обезбедува брза и лесна селекција на програми за перење. Со оглед на ЛЕД индикаторот, избраната програма е јасно видлива од сите агли и без оглед на амбиенталната светилка.

A+++ (-20%)

Врвна енергетска ефикасност
Благодарение на новиот инвертерски PowerDrive мотор, со оптимизирани програми и со напредни решенија, машините за перење алишта на Gorenje ги комбинираат одличните резултати при перењето со ниската потрошувачка на електрична енергија.

Технички карактеристики

Енергетска класа: А+++(-20%) - троши 50% помалку енергија од машините со А енергетска класа

Боја: Бела

Инвертер мотор (PowerDrive)

WaveActive барабан

Број на вртежи на центрифугата: 1.600 rpm

Капацитет за перење: 1-10 kg

Волумен на барабанот: 69 l

Тип на дисплеј: ЛЕД дисплеј

Осветлен барабан

Одложен почеток на перење (24 часа)

Ладно перење: 15°C

Едноставно користење

EcoEye

Персонализирани подесувања на сите програми

Број на програми - 14

Основни програми: Памук, Микс синтетика, Волна/Рачно перење

Специјални програми: Програма против алергии (AllergyCare) / Автоматска програма / SportWash програма / Брзо 20' минути / Освежување со пареа (SteamRefresh) / IonWash 59' минути

Регулирање на температурата

Начин на перење: NormalCare, EcoCare, TimeCare

Начин на перење

Генератор на пареа (SteamTech)

IonTech

Звучен сигнал

Програма за самочистење (SterilTub)

DoseAid

Нежно затворање на вратата

Ефикасно отстранување на дамки (StainExpert)

Тивко работење (SuperSilent)

Заклучување - заштита за деца (CDP)

Годишна потрошувачка на вода: 11.314 l

Предвидена годишна потрошувачка на енергија: 190 kWh

Димензии (ШxВxД): 60 × 85 × 61 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 91 × 69 cm

Нето тежина на апаратот: 83,5 kg

Бруто тежина на апаратот: 84,7 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 0,3 W

Приклучна моќ: 2.300 W

Осигурувач: 10 A

Код: 729414

EAN Код: 3838782079399

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice