Машина за перење WP723 - Gorenje
WP723 Машина за перење
19.990,00 ден

WP723

Машина за перење
Капацитет за перење: 7 kg Број на вртежи на центрифугата: 1.200 rpm Енергетска класа: A+++
19.990,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

WaveActive барабан

Нежно перење на сите видови алишта
Единствениот брановиден облик на WaveActive барабанот во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење. За совршено чисти и минимално истуткани алишта.

Едноставно управување

Три чекори и подготвени сте
Едноставното управување со централно позиционираниот програматор ви овозможува да го почнете перењето во три лесни чекори; вклучете ја машината за перење на алиштата, одберете ја програмата и притиснете го копчето за старт! Нема потреба од вклучување на дополнителни функции или програми. Сепак, ако сакате, имате можност да одберете различни програми, на пример доколку сакате вашата гардероба да биде испрана на одреден начин.
Повеќе
Затвори

Заштита од алергии (AllergyCare)

Дополнителна заштита за чувствителна кожа
Програмата AntiAllergy користи повисока температура и дополнителни плакнења и со тоа ефикасно ги отстранува сите траги од детергентот на ткаенината. Алергените, кои можат да предизвикаат непријатно чувство, се отстрануваат од алиштата и со тоа ја штитат и најчувствителната кожа.

StableTech

Поголема стабилност во текот на работата
Посебно дизајнираните страни на машината ги намалуваат нејзините вибрации во текот на работата, поради што таа е постабилна и значително потивка дури и додека работи на највисоките брзини на центрифугата.

SterilTub

Алишта со секогаш пријатен мирис
Користењето на детергентот на пониски температури може да доведе со идеални услови за развој на бактерии кои на крајот од перењето можат да предизвикаат непријатен мирис на вашите алишта. SterilTub ќе ги отстрани сите бактерии во внатрешноста на машината за перење на алишта и ќе обезбеди вашите алишта секогаш убаво да мирисаат.
Повеќе
Затвори

Погодно отворање на вратата

Совршено вметнување алишта
Голема врата, направена од едно парче пластика, без додатни навои, кои обезбедуваат стабилност и го спречуваат досадното чкрипење. Се отвора потполно, под 180 степени, па затоа полнењето и празнењето на барабанот не може да биде поедноставно.

Начини на перење

Совршено приспособени на потребите за вашите алишта
Нашата технологија обезбедува најдобар третман за секаков вид на алишта, користејќи оптимална комбинација на температура, количество вода, време на перење и брзина на центрифугирање. Наведените поставки можат да се приспособат дополнително во врска со различните начини на перење, овозможувајќи ви избор од најдобрите комбинации на поставките за вашите моментални потреби.
Повеќе
Затвори

ChildLock

Сигурност за љубопитните деца
За време на перењето на алиштата, вратата на машината за перење е заклучена, така што дури и најупорните мали љубопитници ќе бидат спречени доколку се обидат да ја отворат вратата на машината за перење. За дополнителна заштита, може да се заклучи и панелот за управување, со притискање на посебна комбинација на копчиња, за да се спречи ненамерното менување на поставките.
Повеќе
Затвори

Четири длабочини

Одговара секаде
Било во мали бањи било во големи простории наменети за перење алишта, машините за перење алишта WaveActive се дизајнирани за да им одговорат на вашите конкретни потреби. Можете да изберете помеѓу четири различни длабочини: тенките модели (43 cm и 46,5 cm) имаат капацитет на полнење од 6 до 7 кг, а моделите со полна големина (54,5 cm и 61 cm) и капацитет на полнење до 10 кг.
Повеќе
Затвори

Брза програма 20‘

Вашата омилена гардероба секогаш подготвена за носење
Само 20 минути е доволно за да ја освежите вашата нова маица и други помалку валкани алишта. Значи вашата облека секогаш ќе биде подготвена.

Производи полнети со пердуви (DownWear)

Чисто и меко
Со оваа програма, можете лесно да ги исперете вашите јакни, јоргани и перници полнети со пердуви, а тоа ќе ви заштеди време и пари.
повеќе функциипомалку функции

Технички карактеристики

Енергетска класа: A+++

Боја: Бела

WaveActive барабан

Број на вртежи на центрифугата: 1.200 rpm

Капацитет за перење: 7 kg

Волумен на барабанот: 54 l

Едноставно користење

Персонализирани подесувања на сите програми

16 програми

Основни програми: Памук, Волна, Микс синтетика, Рачно перење (HandWash)

Режими на перење: NormalCare, EcoCare, TimeCare

Режими на перење

Програма за самочистење (SterilTub)

Нежно затворање на вратата

Нормално тивко работење

Заклучување - заштита за деца (CDP)

Годишна потрошувачка на вода: 9.680 l

Предвидена годишна потрошувачка на енергија: 174 kWh

Ниво на бучност при перење: 57 dB(A)re1pW

Ниво на бучност при центрифугирање: 74 dB(A)re1pW

Димензии (ШxВxД): 60 × 85 × 54,5 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 91 × 62,7 cm

Нето тежина на апаратот: 69,5 kg

Бруто тежина на апаратот: 71,5 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 0,47 W

Приклучна моќ: 2.000 W

Осигурувач: 10 A

Код: 729373

EAN Код: 3838782068133

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice