W98F65I/I Машина за перење
29.990,00 ден

W98F65I/I

Машина за перење
Капацитет за перење: 1-9 kg Број на вртежи на центрифугата: 1.600 rpm Енергетска класа: А+++(-20%) - троши 50% помалку енергија од машините со А енергетска класа Ефикасно отстранување на дамки (StainExpert) Inverter PowerDrive
29.990,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

SensoCare технологија

Перфекција во перењето
SensoCare технологијата обезбедува да биде испран секој вид на ткаенина на најдобар можен начин. Таа секогаш ги испорачува оптималната комбинација на температура и количество вода, на време и брзина на вртежи. Ако, сепак, вашите алишта имаат потреба од извонредно специјална грижа, програмите за памучна и синтетичка ткаенина можат да работат во спрега преку дополнителни начини на перење и функции. NormalCare ќе ги испере алиштата според оптималната комбинација на сите четири параметри. За деликатните, има и специјални програми: TimeCare, AllergyCare и EcoCare. Така, перењето може да биде побрзо, поекономично или потемелно со циклусите за дополнително (екстра) плакнење.
Повеќе
Затвори

InverterPowerDrive

Забележлива моќност, висока ефикасност
Моќниот мотор е без четки, што отстрануваат механичко напрегање, триење или тежина. Резултатите се подобри, заштедите на моќност се повисоки и процесот на перење е забележливо потивок. Уште повеќе, векот на користење на уредот е подолг, исто така.

Експерт за дамки (StainExpert)

Помош во справувањето со најтврдоглавите дамки
Ефикасното отстранување на дамките повеќе не бара висока температура или дополнителен третман на облеката пред перењето. Совршената комбинација на температура, време и вода, автоматски ќе отстрани четири типа тврдоглави дамки: од овошје (портокали, сок од домат); дамки од органско потекло (маст, путер, јајца, трева); вино (темни овошни сокови, мастило); и кафе (чај, јогурт, тестенини, шминка). Функцијата StainExpert е достапна кај машините за перење од Superior линијата.
Повеќе
Затвори

Долготраен грејач (DuraHeat)

Безбедно и трајно
Редизајнираниот и надграден грејач вклучува заштитен систем за прегревање. Ова го продолжува времето на користење и ја прави машината за перење побезбедна при работење.

Иновативен облик и дизајн на барабанот (SpaDrum)

Потполна грижа за облеката
Барабанот на машината за перење од типот SensoCare е направен од најквалитетен нерѓосувачки челик со извонредно мазна површина. Затоа, облеката е темелно испрана, исплакната и исцентрифугирана без какво било оштетување.

9 kg XXL полнење

Повеќе или помалку: Големината е важна
Новите машини за перење алишта од Gorenje со исклучително голем капацитет од 9 килограми се одликуваат со одлична ефикасност и економичност. Машините за перење со најголем волумен на барабанот помеѓу 9-килограмските модели на пазарот се сепак во рамките на стандардните димензии и затоа можат да се вклопат во секој дом. Можат да се справат со многу поголема количина на алишта во еден циклус; дополнително алиштата можат да бидат во различни бои и од различни материјали. Големиот отвор на вратата овозможува полесно внесување на големи парчиња на алишта и постелнина кои порано не можеле да се перат во машина. Напредните програмски опции и останатите модерни решенија овозможуваат машината да биде одличен избор и за перење на помали количини на алишта. Ефикасната употреба на вода, енергија и време, овозможува новите 9-килограмски машини за перење од Gorenje да бидат одличен избор за големи и мали семејства. Моќни, прилагодливи, економични и сигурни!
Повеќе
Затвори

Звучен сигнал (SoftSound)

Звучни сигнали за подобро корисничко искуство
Освен исклучителниот дизајн, Gorenje машините за перење се пријатни и за уво. Стандардните звучни сигнали и високо квалитетните звучници придонесуваат за уште попријатно искуство. Посебно внимание е посветено на звукот кој се произведува при движење на програматорот и копчињата, при отворање на садот за детергент и вратата на машината.
Повеќе
Затвори

Програма за самочистење (SterilTub)

Решение за пријатен мирис на вашите алишта
Оваа програма обезбедува внатрешноста на машината за перење да остане совршено чиста и стерилна, овозможувајќи пријатен мирис на облеката. Перењето со прашок за перење на пониски температури може да води кон идеални состојби за развој на бактерии што за возврат би можело да предизвика непријатен мирис на вашите алишта. SterilTub работи со празен барабан и елиминира какви било бактерии од внатрешноста на машината.
Повеќе
Затвори

Ефикасно натопување со QuickWet системот

Исклучително брз систем на натопување кој го скратува времетраењето на процесот на перење
QuickWet интензивниот систем на натопување подразбира симултано испуштање на вода во комбинација со детергент од горниот и долниот дел на барабанот. На тој начин алиштата побрзо впиваат вода и го скратуваат програмот, што доведува до заштеда на енергија.

FiberTech квалитет на барабанот

Кадата на машините за перење е направена од високо квалитетни и долготрајни материјали. Машините за перење кои се карактеризираат со поголем број на вртежи и можност за перење на големи количини на алишта, се карактеризираат и со када направена од високо квалитетен и модерен материјал наречен FiberTech. Овој материјал има одлични механички карактеристики и е отпорен на темератури и хемикалии. Во споредба со кадата направена од не'рѓосувачки челик, оваа нема опасност од корозија. Останатите модели имаат када направена од високо издржлив CarboTech материјал со одлична трајност и квалитет, дури и кај моделите до 1.400 вртежи во минута на центрифугата.
Повеќе
Затвори

Контрола на стабилност

Стабилност на машината за време на процесот на работа. Системот за контрола на стабилност ќе се погрижи за рамномерна распределба на алиштата во барабанот. Ако сензорот за контрола на стабилност детектира нерамнотежа, ротацијата на барабанот ќе биде запрена за да се направи правилна прераспределба на алиштата.
Повеќе
Затвори

Сигурносно заклучување (ChildLock)

За време на перењето, вратата останува заклучена, заштитувајќи го дури и најљубопитното дете од можноста тоа да ја отвори вратата. Како дополнителна заштита, контролната табла може да биде заклучена со притискање на специјална комбинација на копчиња, правејќи невозможно случајно да се сменат поставките.
Повеќе
Затвори
повеќе функциипомалку функции

Технички карактеристики

Енергетска класа: А+++(-20%) - троши 50% помалку енергија од машините со А енергетска класа

Боја: Бела

Inverter PowerDrive

SensoCare

Ефикасно отстранување на дамки (StainExpert)

Иновативен облик и дизајн на барабанот (SpaDrum)

Број на вртежи на центрифугата: 1.600 rpm

Капацитет за перење: 1-9 kg

Волумен на барабанот: 64 l

Осветлен барабан

Тип на дисплеј: ЛЦД дисплеј

TimeComfort

Одложен почеток на перење (24 часа)

Регулирање на бројот на вртежи

Крај на перење

Ладно перење: Копче

Персонализирани подесувања на сите програми

31 програма

Основни програми: Памук, Волна, Брзо перење (QuickWash), Микс синтетика, Рачно перење (HandWash)

Специјални програми: BioWash програма / Омилени програми / Ноќно перење (NightWash) / Совршено црно (PerfectBlack) / SportWash програма / Памук 30 с - 17 минути / Памук 20 С

Предперење

Можност за перење без центрифуга

Регулирање на температурата

Quick програма

Звучен сигнал

Програма за самочистење (SterilTub)

Сензорска технологија (SensorIQ)

QuickWet

Сервисна дијагностика

Рачно извлекување

Долготраен грејач (DuraHeat)

Целосен AquaStop

Заклучување - заштита за деца (CDP)

Контрола на стабилност (SCS)

Годишна потрошувачка на вода: 10.654 l

Ниво на бучност при перење: 52 dB(A)re1pW

Ниво на бучност при центрифугирање: 74 dB(A)re1pW

Тип на апарат: Машина за перење

W98F65I/I

Димензии (ШxВxД): 60 × 85 × 60 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 91 × 69 cm

Нето тежина на апаратот: 81 kg

Бруто тежина на апаратот: 83 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 1 W

Приклучна моќ: 2.300 W

Осигурувач: 10 A

Код: 527243

EAN Код: 3838942092336

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice