МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА СО НЕЖНО СРЦЕ

Машини за перење алишта
Машината за перење на Gorenje претставува верен партнер во дневната грижа за вашата облека. Таа има разбирање за недостигот на време и на трпение за ситните детали. Затоа, таа нуди програми што совршено соодветствуваат на бројните разновидни начини на живеење и коишто му ги нудат на секој корисник функциите што тој ги посакува. Таа може да пере брзо; таа може да пере грижејќи се за животната средина. Таа може да биде тивка; таа може да биде беспрекорно темелна. Во зависност од  начинот на перење што ќе го изберете, вашата облека секогаш ќе биде испрана нежно и со грижа. Ткаенината ќе остане свежа и еластична, а боите ќе ја задржат вистинската нијанса.
Совршена грижа Секогаш совршено испрани, извонредно сочувани и чисти алишта
Паметни решенија Решенија кои ги поздравуваат технолошките предизвици
Едноставни за употреба Дизајнирани за да бидат едноставни за употреба

SensoCare технологија

Перфекција во перењето
SensoCare технологијата обезбедува да биде испран секој вид на ткаенина на најдобар можен начин. Таа секогаш ги испорачува оптималната комбинација на температура и количество вода, на време и брзина на вртежи. Ако, сепак, вашите алишта имаат потреба од извонредно специјална грижа, програмите за памучна и синтетичка ткаенина можат да работат во спрега преку дополнителни начини на перење и функции. NormalCare ќе ги испере алиштата според оптималната комбинација на сите четири параметри. За деликатните, има и специјални програми: TimeCare, AllergyCare и EcoCare. Така, перењето може да биде побрзо, поекономично или потемелно со циклусите за дополнително (екстра) плакнење.

TimeCare

40% побрзо перење
Интензивно и побрзо перење за помалку валкана облека и за помали количини.

EcoCare

60% заштеда на енергија
Перењето е малку подолго, но се користи помалку вода и енергија.

AllergyCare

Ефикасно плакнење
Темелното плакнење е поефикасно за отстранување на остатоците од детергент и со тоа за отстранување на алергените што можат да предизвикаат непријатно надразнување на кожата.

Програми против алергија

За дополнителна заштита на нежната кожа на бебињата и на возрасните
Програмите Anti-allergy Cotton, Baby, Anti-Mites користат повисока температура, повеќе вода и дополнително плакнење. Како резултат на тоа, детергентот поефикасно се раствора и облеката многу темелно се плакне. Прашокот за перење, алергенсите и молците кои што би можеле да предизвикаат непријатно надразнување на чувствителната или на особено деликатната бебешка кожа ќе бидат отстранети од вашите алишта, постелнина и од помасивните видови облека.

Baby

Ја штити осетливата детска соба
Оваа програма користи повеќе вода, со цел ефикасно да го растопи на детергент и со тоа темелно да се исперат алиштата. Алиштата се натопени со топла вода подолг временски период за да се отстранат тврдокорните дамки од храната за бебиња. Алиштата ќе бидат беспрекорно чисти, без траги на детергент и алергени кои можат да ја иритираат нежната бебешка кожа.
Повеќе
Затвори

AntiMites

За квалитетен сон
Оваа програма е наменета за големи работи како што се постелнина, перници и ќебиња. Да се осигура дека ќе бидат темелно испрани, ритамот на перење е особено прилагоден за да се спречи извртување додека дополнителното темелно плакнење ги отстранува сите алергени и грини кои можат да предизвикаат несакани реакции на кожата.
Повеќе
Затвори

AntiAllergy памук

Ја штити осетливата кожа
Продолженото време на плакнење на повисоки температури со повеќе вода резултира во одлично перење, а програмата AntiAllergy памук ќе се погрижи дури и за дополнително темелно плакнење. Овој метод за перење е особено корисен за оние кои имаат чувствителна кожа бидејќи целосно ги отстранува сите иритирачки алергени.
Повеќе
Затвори

Иновативен облик и дизајн на барабанот (SpaDrum)

Потполна грижа за облеката
Барабанот на машината за перење од типот SensoCare е направен од најквалитетен нерѓосувачки челик со извонредно мазна површина. Затоа, облеката е темелно испрана, исплакната и исцентрифугирана без какво било оштетување.

Перфорација

Водата нежно се распрскува во барабанот
Малите дупчиња со дијаметар не поголем од 3 милиметри ја третираат вашата облека особено нежно. Дополнително кон ефикасноста на перењето, центрифугирањето и плакнењето, тие исто така превентираат какво било оштетување на вашата облека. Уште повеќе, големината, обликот и моделот на перфорацијата на барабанот го намалуваат трошењето на енергија и на вода.
Повеќе
Затвори

3D ребра

Нежно извивање на облеката
Прво, ребрата за извивање нежно ја туркаат облеката кон задниот крај на барабанот; потоа, тие ја подигаат кон врвот. Ова ја подобрува распределбата на облеката во барабанот и деликатно ја притиска ткаенината. Дополнително водата се распрскува од отворите по површината на реброто заради подобро потопување.
Повеќе
Затвори

Накосена 4Д врата

Секогаш на вистинската патека
Надградената патентирана стаклена врата на машината за перење е дизајнирана за активно 4D движење на облеката кон централниот дел на барабанот каде што таа го добива најдобриот третман и максималната заштита. Облеката е подобро испрана и помалку стуткана, апаратот работи потивко со што му се продолжува животниот век.
Повеќе
Затвори

Експерт за дамки (StainExpert)

Помош во справувањето со најтврдоглавите дамки
Ефикасното отстранување на дамките повеќе не бара висока температура или дополнителен третман на облеката пред перењето. Совршената комбинација на температура, време и вода, автоматски ќе отстрани четири типа тврдоглави дамки: од овошје (портокали, сок од домат); дамки од органско потекло (маст, путер, јајца, трева); вино (темни овошни сокови, мастило); и кафе (чај, јогурт, тестенини, шминка). Функцијата StainExpert е достапна кај машините за перење од Superior линијата.
Повеќе
Затвори

UltraWhite програма

Бело коешто никогаш нема да се претвори во сиво
Синтетичките ткаенини, свилата и најлонот лесно можат да се оштетат во машината за перење. Затоа, Gorenje разви специјална програма за перење на пониски температури за да се заштити квалитетот на вашите деликатни алишта. Нежното превртување со поголема количина вода испорачува перфектна белина на не повеќе од 30 °C. Се препорачува употреба на специјални детергенти за екстра свежина.
Повеќе
Затвори

PerfectBlack програма

Постои само едно „црно“
Специјалната програма за перење за сите типови црна ткаенина е високо ефикасна со нежно превртување на не повеќе од 30 °C. Нема потреба од интензивно превртување и од употреба на агресивни детергенти коишто ја прават облеката темносива. Се препорачуваат специјални детергенти за деликатна црна облека.
Повеќе
Затвори

NightWash програма

Тивко перење во текот на ноќта
Алиштата, исто така, можат да бидат вистински и тивко испрани во текот на ноќта. Барабанот врти побавно и понежно, а ова се компензира со малку подолго перење коешто ги остава алиштата совршено чисти.

SportWash програма

Секогаш свежа облека за спортување
Нежното вртење на алиштата во голема количина вода на 30 до 40 °C е идеално за перење ткаенини од синтетички влакна. Така, вашата облека за спортување секогаш ќе биде свежа и ќе мириса пријатно, подготвена за нови потфати.
Повеќе
Затвори

Брзо перење (QuickWash 17)

Брзо и свежо
Помалку валканата облека може да биде лесно освежена за 17 минути на температура од 30 °C. Така, вашата следна промена секогаш ќе биде подготвена.

Погледнете ги сите карактеристки

Погледнете ги нашите производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice