Карактеристики на машините за перење

Совршена грижа

SensoCare технологија

Перфекција во перењето
SensoCare технологијата обезбедува да биде испран секој вид на ткаенина на најдобар можен начин. Таа секогаш ги испорачува оптималната комбинација на температура и количество вода, на време и брзина на вртежи. Ако, сепак, вашите алишта имаат потреба од извонредно специјална грижа, програмите за памучна и синтетичка ткаенина можат да работат во спрега преку дополнителни начини на перење и функции. NormalCare ќе ги испере алиштата според оптималната комбинација на сите четири параметри. За деликатните, има и специјални програми: TimeCare, AllergyCare и EcoCare. Така, перењето може да биде побрзо, поекономично или потемелно со циклусите за дополнително (екстра) плакнење.

TimeCare

40% побрзо перење
Интензивно и побрзо перење за помалку валкана облека и за помали количини.

EcoCare

60% заштеда на енергија
Перењето е малку подолго, но се користи помалку вода и енергија.

AllergyCare

Ефикасно плакнење
Темелното плакнење е поефикасно за отстранување на остатоците од детергент и со тоа за отстранување на алергените што можат да предизвикаат непријатно надразнување на кожата.

Експерт за дамки (StainExpert)

Помош во справувањето со најтврдоглавите дамки
Ефикасното отстранување на дамките повеќе не бара висока температура или дополнителен третман на облеката пред перењето. Совршената комбинација на температура, време и вода, автоматски ќе отстрани четири типа тврдоглави дамки: од овошје (портокали, сок од домат); дамки од органско потекло (маст, путер, јајца, трева); вино (темни овошни сокови, мастило); и кафе (чај, јогурт, тестенини, шминка). Функцијата StainExpert е достапна кај машините за перење од Superior линијата.

AntiAllergy памук

Ја штити осетливата кожа
Продолженото време на плакнење на повисоки температури со повеќе вода резултира во одлично перење, а програмата AntiAllergy памук ќе се погрижи дури и за дополнително темелно плакнење. Овој метод за перење е особено корисен за оние кои имаат чувствителна кожа бидејќи целосно ги отстранува сите иритирачки алергени.
Повеќе
Затвори

AntiMites

За квалитетен сон
Оваа програма е наменета за големи работи како што се постелнина, перници и ќебиња. Да се осигура дека ќе бидат темелно испрани, ритамот на перење е особено прилагоден за да се спречи извртување додека дополнителното темелно плакнење ги отстранува сите алергени и грини кои можат да предизвикаат несакани реакции на кожата.
Повеќе
Затвори

Baby

Ја штити осетливата детска соба
Оваа програма користи повеќе вода, со цел ефикасно да го растопи на детергент и со тоа темелно да се исперат алиштата. Алиштата се натопени со топла вода подолг временски период за да се отстранат тврдокорните дамки од храната за бебиња. Алиштата ќе бидат беспрекорно чисти, без траги на детергент и алергени кои можат да ја иритираат нежната бебешка кожа.
Повеќе
Затвори

UltraWhite програма

Бело коешто никогаш нема да се претвори во сиво
Синтетичките ткаенини, свилата и најлонот лесно можат да се оштетат во машината за перење. Затоа, Gorenje разви специјална програма за перење на пониски температури за да се заштити квалитетот на вашите деликатни алишта. Нежното превртување со поголема количина вода испорачува перфектна белина на не повеќе од 30 °C. Се препорачува употреба на специјални детергенти за екстра свежина.
Повеќе
Затвори

PerfectBlack програма

Постои само едно „црно“
Специјалната програма за перење за сите типови црна ткаенина е високо ефикасна со нежно превртување на не повеќе од 30 °C. Нема потреба од интензивно превртување и од употреба на агресивни детергенти коишто ја прават облеката темносива. Се препорачуваат специјални детергенти за деликатна црна облека.
Повеќе
Затвори

BioWash програма

Перење со еколошки детергенти
Совршено решение за сите што користат органски агенси за перење какви што се топки за алишта или навртувања за сапун. Комбинацијата од голема количина вода, температурите повисоки од 90 °C и брзото превртување дозволуваат оптимално користење на органските агенси за перење и чисти алишта.
Повеќе
Затвори

SportWash програма

Секогаш свежа облека за спортување
Нежното вртење на алиштата во голема количина вода на 30 до 40 °C е идеално за перење ткаенини од синтетички влакна. Така, вашата облека за спортување секогаш ќе биде свежа и ќе мириса пријатно, подготвена за нови потфати.
Повеќе
Затвори

NightWash програма

Тивко перење во текот на ноќта
Алиштата, исто така, можат да бидат вистински и тивко испрани во текот на ноќта. Барабанот врти побавно и понежно, а ова се компензира со малку подолго перење коешто ги остава алиштата совршено чисти.

MyFavourite програми

Најчесто употребуваните програми се лесно достапни
Вашата машина за перење едноставно може да ги запомни вашите омилени или најчесто употребувани програми за да ги направи истите секогаш достапни за моментна селекција. Таа, исто така, може да ги меморира сите дополнителни поставувања какви што се приспособената температура за перење, брзината на вртење или на претперење.
Повеќе
Затвори

Брзо перење (QuickWash 17)

Брзо и свежо
Помалку валканата облека може да биде лесно освежена за 17 минути на температура од 30 °C. Така, вашата следна промена секогаш ќе биде подготвена.

Рачно перење + волна

Оваа програма се грижи за волнената, свилената или за облеката од тантела, како истата да била испрана од пар грижливи раце. Обликот и квалитетот ќе се задржат, а дамките и нечистотијата ќе бидат отстранети на температура на висина од 30 до 40 °C.
Повеќе
Затвори

Паметни решенија

Иновативен облик и дизајн на барабанот (SpaDrum)

Потполна грижа за облеката
Барабанот на машината за перење од типот SensoCare е направен од најквалитетен нерѓосувачки челик со извонредно мазна површина. Затоа, облеката е темелно испрана, исплакната и исцентрифугирана без какво било оштетување.

Перфорација

Водата нежно се распрскува во барабанот
Малите дупчиња со дијаметар не поголем од 3 милиметри ја третираат вашата облека особено нежно. Дополнително кон ефикасноста на перењето, центрифугирањето и плакнењето, тие исто така превентираат какво било оштетување на вашата облека. Уште повеќе, големината, обликот и моделот на перфорацијата на барабанот го намалуваат трошењето на енергија и на вода.
Повеќе
Затвори

3D ребра

Нежно извивање на облеката
Прво, ребрата за извивање нежно ја туркаат облеката кон задниот крај на барабанот; потоа, тие ја подигаат кон врвот. Ова ја подобрува распределбата на облеката во барабанот и деликатно ја притиска ткаенината. Дополнително водата се распрскува од отворите по површината на реброто заради подобро потопување.
Повеќе
Затвори

Накосена 4Д врата

Секогаш на вистинската патека
Надградената патентирана стаклена врата на машината за перење е дизајнирана за активно 4D движење на облеката кон централниот дел на барабанот каде што таа го добива најдобриот третман и максималната заштита. Облеката е подобро испрана и помалку стуткана, апаратот работи потивко со што му се продолжува животниот век.
Повеќе
Затвори

InverterPowerDrive

Забележлива моќност, висока ефикасност
Моќниот мотор е без четки, што отстрануваат механичко напрегање, триење или тежина. Резултатите се подобри, заштедите на моќност се повисоки и процесот на перење е забележливо потивок. Уште повеќе, векот на користење на уредот е подолг, исто така.
Повеќе
Затвори

TotalWeightControl

Супериорни резултати од перењето во однос на количеството облека
Сензорот ги приспособува сите параметри за количеството облека во барабанот. Ова води кон оптимално искористување на водата и моќноста, кон пократко перење и кон значително потивко работење. Полната кошница со алишта, без оглед колку и да е голема, ќе биде чиста и ќе мириса пријатно.
Повеќе
Затвори

Долготраен грејач (DuraHeat)

Безбедно и трајно
Редизајнираниот и надграден грејач вклучува заштитен систем за прегревање. Ова го продолжува времето на користење и ја прави машината за перење побезбедна при работење.

Голема заштеда со приклучување на топла вода

Gorenje Premium и Exclusive машините за перење сега ви овозможуваат да ги перете вашите алишта за многу пократко време и со значајно помала потрошувачка! Машината за перење приклучена на извор на топла вода ќе ја загрее водата до посакуваната температура за многу пократко време. Со тоа, имате можност да заштедите и до 45% електрична енергија! Решение кое е пријател и на околината и на вашиот домашен буџет.

* Мерењето се однесува на програмот Памук 60°C
Повеќе
Затвори

Сензорска технологија (SensorIQ)

„Паметно“ перење
Сензорниот систем го контролира процесот на перење и осигурува тој да биде совршен. Смарт-технологијата ги приспособува количеството на вода и времето на перење кон селектираната програма и типот и тежината на облеката. Резултатите се одлично испрани алишта и пониска употреба на енергија, вода и на време.
Повеќе
Затвори

A+++-20% енергетска класа

Сите машини за перење се високоенергетско ефикасни. Оние рангирани во енергетската класа A+++-20% користат 50% помалку моќност отколку апаратите од А-класа.

Едноставни за употреба

Пријателски дизајн

Машините за перење на Gorenje се дизајнирани да бидат функционални и ергономични, што ја прави нивната употреба инспиративно едноставна. Контролната табла е накосена за 20° и отворањето на вратата има голем дијаметар од 34 cm за полесно полнење и за празнење на машината за перење. Филтрите и просторот за дозирање на детергент, исто така, се лесни за чистење.

Сигурносно заклучување (ChildLock)

За време на перењето, вратата останува заклучена, заштитувајќи го дури и најљубопитното дете од можноста тоа да ја отвори вратата. Како дополнителна заштита, контролната табла може да биде заклучена со притискање на специјална комбинација на копчиња, правејќи невозможно случајно да се сменат поставките.
Повеќе
Затвори

AquaStop

Без опасност од поплава
Безбедносниот систем автоматски го затвора снабдувањето со вода до цревото и до машината во случај на истекување заради заштита од поплава. Пумпата автоматски ја испумпува останатата вода од барабанот во испусното црево. Така, машината за перење може да биде оставена да работи без да се надгледува, без каков и да е страв од поплавување. Висококвалитетните модели се опремени со специјален сензор инсталиран на дното од машината за перење. Во случај на истекување, сензорот моментално ќе го прекрати снабдувањето со вода на уредот.
Повеќе
Затвори

Програма за самочистење (SterilTub)

Решение за пријатен мирис на вашите алишта
Оваа програма обезбедува внатрешноста на машината за перење да остане совршено чиста и стерилна, овозможувајќи пријатен мирис на облеката. Перењето со прашок за перење на пониски температури може да води кон идеални состојби за развој на бактерии што за возврат би можело да предизвика непријатен мирис на вашите алишта. SterilTub работи со празен барабан и елиминира какви било бактерии од внатрешноста на машината.
Повеќе
Затвори

Куќиште обложено со цинк за заштита од корозија

Квалитетна заштита за долг животен век
Машините за перење на Gorenje се обоени со еколошки наклонет заштитен слој којшто ѝ се спротивставува на ʼрѓата и го продолжува животниот век на апаратот.

SuperSilent

Квалитетното изведување и изолацијата овозможуваат машините за перење SensoCare да работат тивко. Дури и при најтешките завртувања, нема да биде погласна од една нормална конверзација. Врвните модели блескаат со екстра тивко работење.
Повеќе
Затвори
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice