Чувари на витамини

Самостојни фрижидери IonGeneration
Иако не се користат за готвење, фрижидерите на Gorenje претставуваат центар на секоја кујна. Тие се задолжени со една едноставна мисија – да бидете сигурни дека вашата омилена храна е секогаш достапна. Но фрижидерите на Gorenje можат да сторат многу повеќе. Тие се опремени со „смарт“ технологии со цел да ги имитираат условите слични на оние што владеат во природата, коишто ја одржуваат храната свежа, вкусна и полна со витални состојки што подолго. Во внатрешноста, тие се осмислено организирани за да му дозволат на корисникот оптимална глетка и многу простор за складирање дури и на поголеми количества. Од надворешната страна, нивниот моќен дизајн претставува гостопримилив визуелен акцент за секој дом. Последно, но не и најмалку важно, тие се оправдано шармантни со нивното тивко и економично работење и со убедливата отпорност.
Совршена грижа Секогаш свежа и вкусна храна
Паметни решенија Решенија кои ги поздравуваат технолошките предизвици
Едноставни за употреба Дизајнирани за да бидат едноставни за употреба

IonAir со MultiFlow 360° функција

Идеална микроклима на секоја полица
Напредната технологија во ладилниците ја пресликува природната микроклима за да се осигура дека храната ќе остане свежа подолго време. Негативно наелектризираните јони генерирани од страна на апаратот континуирано го освежуваат воздухот за да ја имитира природната микроклима и со тоа да се креира идеална средина за свежа храна. Вентилацискиот систем MultiFlow 360° еднакво го дистрибуира јонизираниот воздух преку 14 вентилациски отвори за да се одржи константна температура на секоја полица.

AdaptTech технологија

Фрижидер што ги препознава вашите навики
Овој „паметен“ систем е осмислен за одржување на оптимална температура во фрижидерот во зависност од тоа колку често ја отворате вратата. Кога вратата е отворена, температурата одеднаш расте и храната е изложена на термален шок којшто за возврат предизвикува таа поскоро да се расипе. Фрижидерот континуирано го следи и го анализира начинот на којшто го користите. Така, тој може да предвиди кога ќе ја отворите вратата на ладилникот и токму пред тоа да го сторите, тој ја намалува температурата од 1 до 2 °C за да се осигурате дека се одржува константна температура и дека храната останува свежа и полна со хранливи материи.

NoFrostPlus технологија

Нема повеќе здодевно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, инсталирани во преградата за замрзнувач, го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија, додека во одделот за ладење, тоа одржува идеална микроклима за свежа храна. Циркулацијата на јонизиран воздух ја заштитува храната од исушување и ги задржува во неа витамините и минералите.

ConvertActive ладилник

Забавата може да почне
Кај ConvertActive ладилникот потребно е само едноставно притискање на едно копче за да се претвори одделот за замрзнување во оддел за ладилник, создавајќи повеќе простор за складирање на закуски и на пијалаци.

CrispActive фиока со VitaLight

Продолжена свежина
Корпата за овошје и за зеленчук со специјален VitaLight го продолжува одржувањето на свежината на храната. Спектар на портокалова светлина го забавува природниот процес на созревање на овошјето и на зеленчукот заради зачувување на витамините и минералите.
Повеќе
Затвори

FreshActive фиока

Максимална свежина
Оваа фиока е идеална за складирање месо, риба и морска храна. Температаурата е неколку степени пониска отколку во останатиот дел на одделот за фрижидерот, што суштински ја зголемува свежината.

CrispZone фиока со HumidityControl

Свежо како од градина
CrispZone е една од најголемите фиоки за овошје и зеленчук на пазарот. Ниската температура и можноста за подесување на нивото на влажност ја продолжува свежината на намирниците.

ZeroZone фиока

Свежо како директно од море
Фиоката со температура од околу 0 °C е идеална за чување на свежо или маринирано месо, риба или морска храна. Ја продолжува свежината на деликатната храна и ја задржува природната сочност и хранливите вредности.

Инвертер компресор (InverterCompressor)

Стабилен, тивок и издржлив
Фрижидерите со инвертерски компресор (InverterCompressor) се потивки, имаат подолг корисен животен век и се поекономични во споредба со оние со конвенционален компресор. Секогаш кога температурата во внатрешноста на ладилникот се зголемува како резултат на отворањето на вратата, инвертерот-компресор го распределува ладењето брзо и ефикасно за да ја заштити храната од расипување.
Повеќе
Затвори

XtreemeFreeze фиока

Молскавично замрзнување
Кога е активирана оваа функција, храната сместена во специјална фиока во одделот за ладилник ќе биде замрзната за половина од вообичаеното време. Брзото замрзнување на екстремно ниски температури под -30 °C води до формирање на микрокристали што, спротивно од случајот кога има бавно замрзнување, не се оштетува клеточната структура на храната. После шест часа, функцијата автоматски е исклучена и температурата во фиоката се враќа на почетната поставеност.
Повеќе
Затвори

XXL SpaceBox

Доволно простор за сместување на мисирка
Оваа фиока во одделот за замрзнување е најголема во апаратот и е идеална за сместување на големи нешта како мисирка, неколку пици или дури и торта.

SimpleSlide полици

Едноставно подесиви полици
Висинско-приспособливите полици на вратата од ладилникот можат лесно да бидат поместени нагоре или надолу за да се смести храна до 5 килограми со различни форми или големини.

Погледнете ги сите карактеристки

Погледнете ги нашите производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice