R6192LW Самостоен ладилник
26.450,00 ден

R6192LW

Самостоен ладилник
Бруто капацитет: 370 l Тип на апарат: Самостоен Енергетска класа: A++ Димензии (ШxВxД): 60 × 185 × 64 cm
R6192LW
БелаПрикажи ги сите варијанти
кликни сокриј
26.450,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

ION ГЕНЕРАЦИЈА

Комбинираните фрижидери од ION генерацијата дефинитивно го позиционираат Gorenje меѓу најдобрите брендови на пазарот. Квалитетот и вредноста се усовршени со материјалите, дискретно дизајнираните линии и со бројни други функционални унапредувања. При креирање на асортиманот, особено сме посветени на креирање на најдобрата можна клима во внатрешноста на апаратот. Суштината на сите наши напредни решенија е IonAir технологијата, што во целост го имитира природниот процес на јонизација и го освежува воздухот во фрижидерот.
Добредојдовте во светот на новата ION генерација на фрижидери од Gorenje, создадени во совршена соработка со природата.
Повеќе
Затвори

AdaptTech технологија

Фрижидер што ги препознава вашите навики
Овој „паметен“ систем е осмислен за одржување на оптимална температура во фрижидерот во зависност од тоа колку често ја отворате вратата. Кога вратата е отворена, температурата одеднаш расте и храната е изложена на термален шок којшто за возврат предизвикува таа поскоро да се расипе. Фрижидерот континуирано го следи и го анализира начинот на којшто го користите. Така, тој може да предвиди кога ќе ја отворите вратата на ладилникот и токму пред тоа да го сторите, тој ја намалува температурата од 1 до 2 °C за да се осигурате дека се одржува константна температура и дека храната останува свежа и полна со хранливи материи.
Повеќе
Затвори

Длабока полица за шишиња на вратата на фрижидерот

На вратата на фрижидерот има многу место за складирање на големите пластични и стаклени шишиња. Специјалните држачи го спречуваат движењето на предметите на полиците додека вратата од фрижидерот се отвора или се затвора.

CrispZone фиока со HumidityControl

Свежо како од градина
CrispZone е една од најголемите фиоки за овошје и зеленчук на пазарот. Ниската температура и можноста за подесување на нивото на влажност ја продолжува свежината на намирниците.

FreshZone фиока

Свежо како од градина
Оваа фиока со најниска темература во фрижидерот е идеална за складирање на месо, риба, овошје и зеленчук. Ја зачувува свежината на храната, нејзината арома и вкус многу подолго.

SuperCool

Брзо ладење на поголема количина на храна
Интензивната функција за ладење ја намалува температурата до 3°C, што е речиси половина пониска од вообичаената температура. Во комбинација со поголемиот капацитет, оваа температура е идеална за брзо ладење на поголема количина храна по обемно пазарување. По шест часа, функцијата автоматски ќе се исклучи и фрижидерскиот дел ќе продолжи да работи по претходно подесените параметри.
Повеќе
Затвори

MultiBox

Повеќенаменски, практичен сад
Повеќекратно наменската корпа со капак на вратата на ладилникот може да биде искористена за сместување сирење, кромид и друга храна со остар мирис или со мирис на луто. Тоа ја одржува храната свежа и ја штити од сушење, додека силиконскиот капак може да биде користен како послужавник за јајца или за мраз.
Повеќе
Затвори

Систем за динамичко ладење (DynamiCooling)

Одржување на рамномерна температура во целиот фрижидер со динамичко ладење
Вентилаторски систем кој овозможува константна и рамномерна циркулација на ладен воздух благодарение на напредниот вентилатор. Поради работата на системот, DynamicCooling придонесува за заштеда на енергија и е една од „зелените“ карактеристики. IonAir со системот DynamiCooling е застапен во основните модели од новата генерација комбинирани фрижидери од Gorenje.
Повеќе
Затвори
повеќе функции помалку функции

Технички карактеристики

Енергетска класа: A++

Димензии (ШxВxД): 60 × 185 × 64 cm

Отвoрање на врата: Лево/десно отворање на врата

Врата: Метална рачка на врата

Рачка со зглоб

Боја: Бела

Slot-in: Можност за поставување на апаратот во кујнски отвор широк 60 cm

Климатска класа: SN, ST, N, T

1 компресор

Вкупен бруто/нето капацитет: 370 / 368 l

Волумен на разладниот дел: бруто/нето: 370 / 368 l

Електронско управување на вратата

Тип на дисплеј: ЛЕД дисплеј

Аларм за отворена врата

Дигитален покажувач на температурата

Звучен и светлосен сигнал при превисока температура во разладниот дел: бел сигнал

CrispZone фиока со контрола на влажноста: голема фиока за зеленчук со регулација на влажноста

CrispZone фиока за зеленчук

Интелигентен систем на помнење (AdaptTech ладење)

IonAir со DynamiCooling

Брзо ладење

ЛЕД осветлување на кровот

7 стаклени полици

Држач за шишиња

Полица за шишиња на вратата : Сад за шишиња со држач, Сад за шишиња без држач

Садови на вратата на фрижидерот: 3 SimpleSlide полици прилагодливи по висина

Број на полици за сирење и путер: 1 MultiBox сад за путер и сирење

FreshZone фиока

Потрошувачка на енергија kWh/24h: 0,31 kWh

Бучност: 38 dB(A)

Димензии (ШxВxД): 60 × 185 × 64 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 64 × 191 × 75 cm

Нето тежина на апаратот: 74,5 kg

Бруто тежина на апаратот: 77,5 kg

Приклучна моќ: 60 W

Осигурувач: 10 A

Код: 496124

EAN Код: 3838942049415

Прилози

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice