Карактеристики на комбинираните фрижидери

ION ГЕНЕРАЦИЈА

Комбинираните фрижидери од ION генерацијата дефинитивно го позиционираат Gorenje меѓу најдобрите брендови на пазарот. Квалитетот и вредноста се усовршени со материјалите, дискретно дизајнираните линии и со бројни други функционални унапредувања. При креирање на асортиманот, особено сме посветени на креирање на најдобрата можна клима во внатрешноста на апаратот. Суштината на сите наши напредни решенија е IonAir технологијата, што во целост го имитира природниот процес на јонизација и го освежува воздухот во фрижидерот.
Добредојдовте во светот на новата ION генерација на фрижидери од Gorenje, создадени во совршена соработка со природата.

AdaptTech ладење

Ја зачувува свежината на храната до 20% подолго
Адаптивниот интелигентен систем константно ја следи, анализира и регистрира употребата на фрижидерот на неделно ниво. Потоа, неговото работење, особено одржувањето на одредена температура и трошокот на енергија, ги прилагодува според идентификуваната шема. Кога вратата на фрижидерот се отвора, температурата на храната нема да се зголеми како на стандардните фрижидери, што спречува појава на бактерии.

А+++ енергетска класа

Одлична енергетска ефикасност
Сите фрижидери се со висока енергетска ефикасност. Одличната топлотна изолација и подобреното затворање на вратата, инвертер компресорот и електронската контрола ефикасно ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија. Фрижидерите со енергетска класа А+++ заштедуваат до 60% електрична енергија за разлика од оние со А енергетска класа.

CrispZone фиока со контрола на влажноста

Свежо како од градина
CrispZone е една од најголемите фиоки за овошје и зеленчук на пазарот. Ниската температура и можноста за приспособување на нивото на влажност ја продолжува свежината на намирниците.

FrostLess технолигија

Подобрената изолација ефикасно го намалува насобирањето на мраз на храната и на лед во внатрешноста на апаратот. Ова значи помалку здодевно одмрзнување и пониска сметка за струја.

Систем за динамичко ладење (DynamiCooling)

Одржување на рамномерна температура во целиот фрижидер со динамичко ладење
Вентилаторски систем кој овозможува константна и рамномерна циркулација на ладен воздух благодарение на напредниот вентилатор. Поради работата на системот, DynamicCooling придонесува за заштеда на енергија и е една од „зелените“ карактеристики. IonAir со системот DynamiCooling е застапен во основните модели од новата генерација комбинирани фрижидери од Gorenje.

Инвертер компресор (InverterCompressor)

Стабилен, тивок и издржлив
Фрижидерите со инвертерски компресор (InverterCompressor) се потивки, имаат подолг корисен животен век и се поекономични во споредба со оние со конвенционален компресор. Секогаш кога температурата во внатрешноста на ладилникот се зголемува како резултат на отворањето на вратата, инвертерот-компресор го распределува ладењето брзо и ефикасно за да ја заштити храната од расипување.

Електронското управување

Елегантниот црн дисплеј со бели ЛЕД диоди придонесува за софистициран дизајн и овозможува многу едноставна контрола за посебна употреба на фрижидерот и замрзнувачот.

Еко програма (EcoMode)

Заштеда на електрична енергија
Во период кога сте отсутни од дома, фрижидерот може да се постави на еко функција која ќе заштеди електрична енергија бидејќи вратата е затворена цело време.

MultiBox

Повеќенаменски, практичен сад
Повеќекратно наменската корпа со капак на вратата на ладилникот може да биде искористена за сместување сирење, кромид и друга храна со остар мирис или со мирис на луто. Тоа ја одржува храната свежа и ја штити од сушење, додека силиконскиот капак може да биде користен како послужавник за јајца или за мраз.

NoFrostPlus технологија

Нема повеќе здодевно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, инсталирани во преградата за замрзнувач, го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија, додека во одделот за ладење, тоа одржува идеална микроклима за свежа храна. Циркулацијата на јонизиран воздух ја заштитува храната од исушување и ги задржува во неа витамините и минералите.

SimpleSlide полици

Едноставно подесиви полици
Висинско-приспособливите полици на вратата од ладилникот можат лесно да бидат поместени нагоре или надолу за да се смести храна до 5 килограми со различни форми или големини.

Slot-in

Функционално отворање на вратата под агол од 90°
Благодарејќи на функционалноста на отворањето на вратата на ладилникот под прав агол, сите полици и корпи можат да бидат целосно извлечени. Ова решение е идеално за ладилници сместени наспроти страничен ѕид или во непосредна близина на кујнската површина или на друг уред.

XXL SpaceBox

Доволно простор за сместување на мисирка
Оваа фиока во одделот за замрзнување е најголема во апаратот и е идеална за сместување на големи нешта како мисирка, неколку пици или дури и торта.

XtreemeFreeze фиока

Молскавично замрзнување
Кога е активирана оваа функција, храната сместена во специјална фиока во одделот за ладилник ќе биде замрзната за половина од вообичаеното време. Брзото замрзнување на екстремно ниски температури под -30 °C води до формирање на микрокристали што, спротивно од случајот кога има бавно замрзнување, не се оштетува клеточната структура на храната. После шест часа, функцијата автоматски е исклучена и температурата во фиоката се враќа на почетната поставеност.

ZeroZone фиока

Свежо како директно од море
Фиоката со температура од околу 0 °C е идеална за чување на свежо или маринирано месо, риба или морска храна. Ја продолжува свежината на деликатната храна и ја задржува природната сочност и хранливите вредности.

Држач за шишиња

Во фрижидерите на Gorenje, шишињата не заземаат простор кој може да се искористи за складирање на други намирници. Посебно дизајнираните држачи за шишиња овозможуваат оптимална искористеност на просторот.

Екран на управување со допир

Premium Touch моделите се опремени со интерактивен екран за управување со допир, кој ви овозможува да управувате со апаратот на локалниот јазик кој го користите.

Брзо ладење на пијалаците

Подесувањето за интензивно ладење, во комбинација со MultiFlow системот кој овозможува ладен воздух преку вентилаторските отвори на задниот ѕид на фрижидерот, може да го забрза процесот на ладење на шишињата кои се ставени во посебниот дел – полица за шишиња која овозможува оптимална употреба на просторот за складирање.

SnackBin

Идеално место за складирање храна
Оваа кутија е идеална за чување на храна како што е сирење/кашкавал, салама, намази, паштета, сендвичи и путер. Поради цврстото затворање на кутијата храната е безбедна и заштитена од сушење. Прикачена е на дното од стаклената полица во фрижидерот, така што може лесно да се извади и да се употреби како сад за сервирање. Лизгачките водилки овозможуваат уредна организација и јасен преглед на внатрешноста на фрижидерот.

ЛЕД-осветлување (LedLight)

LED осветлувањето во фрижидерот обезбедува одлично и ефикасно осветлување. Трае 30 пати подолго од стандардното осветлување и заштедува 10 пати повеќе енергија.

CrispActive фиока со VitaLight

Продолжена свежина
Корпата за овошје и за зеленчук со специјален VitaLight го продолжува одржувањето на свежината на храната. Спектар на портокалова светлина го забавува природниот процес на созревање на овошјето и на зеленчукот заради зачувување на витамините и минералите.

ConvertActive ладилник

Забавата може да почне
Кај ConvertActive ладилникот потребно е само едноставно притискање на едно копче за да се претвори одделот за замрзнување во оддел за ладилник, создавајќи повеќе простор за складирање на закуски и на пијалаци.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice