ПРАВИЛНО ЗАМРЗНАТО. ВКУСНО ПОСЛУЖЕНО.

Хоризонтални и вертикални замрзнувачи
Забрзаното темпо на живот и желбата за најдобра храна во секое време бара многу повеќе од хоризонталните и вертикалните замрзнувачи од само да обезбедат место со ниска температура. Горење може да ви помогне со тоа. Паметната технологија во хоризонталните и вертикалните замрзнувачи од Горење ќе осигури дека микро кристалите кои се формирани за време на замрзнувањето не ги оштетат клетките на храна. Како резултат на тоа, храната ќе ги задржи своите витамини, минерали и најважно од сѐ, своите вкусови. Затоа, јагодите набрани во текот на летото ќе бидат вкусни и во зима, а подготвениот оброк, иако замрзнат, ќе ве чека во најдобра форма кога ќе ви треба. Внатрешноста е внимателно дизајнирана да овозможи уредно чување на големи количини на храна.
Совршена грижа Совршено замрзната храна
Паметни решенија Решенија кои ги поздравуваат технолошките предизвици
Едноставни за употреба Дизајнирани за да бидат едноставни за употреба

Препорачливо време за чување на замрзната храна

Вид на храна Време
овошје, говедско од 10 до 12 месеци
зеленчук, телешко, пилешко од 8 до 10 месеци
срнешко од 6 до 8 месеци
свинско од 6 до 8 месеци
сецкано или мелено месо 4 месеци
леб, печива, готвени јадења, посна риба 3 месеци
дроб 2 месеци
димени колбаси, мрсна риба 1 месец

NoFrost технологија

Нема повеќе здодевно одмрзнување
Интензивната циркулација на ладен воздух ја отстранува влагата и од одделот за замрзнување и од одделот за ладење. Ова заштитува од насобирање на мраз врз храната и на лед на внатрешните ѕидови и ја одржува потрошувачката на енергија на ниско ниво. Како резултат на тоа, искористувањето на капацитетот за складирање е оптимално, а одмрзнувањето и чистењето на внатрешноста на замрзнувачот не се повеќе потребни. Пакетите или парчињата смрзната храна нема да се лепат едни со други, со што вашата храна во замрзнувачот ќе се одржува уредно и чисто.

XXL SpaceBox

Доволно простор за една XXL мисирка
Најголемата фиока е идеална за сместување на големи намирници како мисирка, неколку пици или дури и торти.

FastFreeze

Рапидно замрзнување на храната
Одржувањето на квалитет на замрзнатата храна во голема мера зависи од брзината на процесот на замрзнување. Кога процесот на замрзнување е побрз, кристалите кои се формираат се помали и не ги оштетуваат келиите на храната, притоа овозможувајќи да се задржат витамините, минералите и хранливите состојки подолго време. За интензивно замрзнување, одберете модел со FastFreeze функција која ја замрзнува храната на екстремно ниска температура под -24°C. Доколку функцијата не е мануелно деактивирана, по одреден период процесот на брзо замрзнување автоматски ќе се прекине и замрзнувачот ќе се врати на претходно подесената температура.

SensoTech

Напредна контрола
Соодветна контрола на температурата преку ЛЕД екран овозможува константна контрола на температурата. Наменската светилка, комбинирана со звучен сигнал, ќе ве предупреди за секакви температурни зголемувања во апаратот.

FrostLess технологија

Помалку мраз, неколку проблеми
Комбинацијата од подобрена изолација и унапредена технологија во хоризонталниот замрзнувач ефикасно ја намалува акумулацијата на мраз на храната и на лед во внатрешноста на апаратот. Ова значи помалку зачестено одмрзнување и пониска сметка за електрична енергија.
Повеќе
Затвори

SimpleUse

Гарантиран комфор
Осмислено поставената светилка на капакот на хоризонталниот замрзнувач ќе обезбеди јасен поглед, а подвижните корпи овозможуваат лесен пристап до вашата замрзната храна. Масивната тешка оптоварлива метална шарка ќе го држи капакот делумно или потполно отворен, така што вие не морате да го држите со вашата рака. Напредното решение со коешто се изедначува притисокот за заштита од вакум откако ќе се затвори капакот, ви овозможува повторно да го отворите хоризонталниот замрзнувач веднаш откако претходно сте го затвориле.
Повеќе
Затвори

Погледнете ги сите карактеристки

Погледнете ги нашите производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice