Карактеристики на аспираторите

AdaptAir технологија

Без мирис. Само чист воздух.
Патентираната AdaptAir технологија обезбедува комплетно рамномерно вшмукување на воздухот по целата површина на аспираторот. Пареата, мирисите и нечистотиите повеќе не се дел од воздухот во кујната.

SliderTouch

Едноставна контрола
Специјалниот инвентивен лизгач (слајдер) овозможува брза и лесна промена на јачината на работење и на осветлување.

P.A. S. систем

Паметно, насочено вовлекување со помалку шум
Иновативниот систем на периметрија не само што го вовлекува воздухот низ централниот дел, туку вовлекува и по надворешните рабови. Со ова се намалува потрошувачката на електрична енергија и нивото на бучава. Како резултат на тоа, вовлекувањето на воздухот е значајно поефикасно.

Филтри

Предности од полиуретанска пена
Единствениот систем AdaptAir и алуминиумските филтри се унапредени со специјална полиуретанска пена која елиминира до 98% од сите честички на нечистотија и маснотија. Истовремено, аспираторот има А енергетска класа на вшмукување.

AdaptTech

Автоматска работа на вентилаторот
Кога аспираторот е во автоматски режим на работа, специјалниот сензор ги препознава нивото на нечистотија во воздухот, пареата, влажноста и гасовите и работи во согласност со нив. Моќта на работа на аспираторот автоматски се приспособува или по потреба се исклучува.

Тајмер и освежување

Секогаш свежо и прецизно
Специјалните предности на новите аспиратори од Gorenje вклучуваат автоматско палење (на 10, 20 или 30 минути) и функција за освежување која се активира на секој час и го освежува воздухот 5 минути.

Слој без отпечатоци (TouchFree-слој)

Сјајна завршница без оставање отпечатоци
Сите површини направени од неʼрѓосувачки челик се обложени со специјален TouchFree слој кој не дозволува да се познаваат отпечатоците од прсти, оставајќи ја површината секогаш сјајна и полесна за чистење.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice