BCS789S22X Вградна комбинирана рерна на пареа
49.990,00 ден

BCS789S22X

Вградна комбинирана рерна на пареа
ProCook Димензии (ШxВxД): 59,5 × 59,5 × 54,6 cm
49.990,00 ден
Цената е со вклучен ДДВ од 18%.
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

HomeMade облик

Искористете ги предностите од печењето на дрва
Традиционалниот, заоблен облик на рерните Gorenje и понатаму е една од најголемите предности. Инспириран од обликот на традиционалните фурни на дрва, овозможува топлиот воздух да циркулира слободно. Бидејќи храната се загрева рамномерно и од сите страни, секогаш е совршено печена: крцкава однадвор и сочна внатре. Во комбинација со специјалениот MultiFlow 360˚ систем на вентилација, Gorenje рерната нуди нешто навистина посебно – можност за печење на 5 нивоа.
Повеќе
Затвори

MultiFlow 360˚

Подеднакво добро од сите страни
MultiFlow 360˚ гарантира оптимална циркулација на топлиот воздух внатре во рерната. Благодарејќи на внимателно позиционираните MultiFlow 360° отвори на задниот ѕид и единствениот HomeMade облик, воздухот рамномерно се распоредува во рерната. Вентилаторот овозможува врелиот воздух да допре до секој агол на рерната правејќи ја храната совршено потпечена од сите страни. Динамичното движење на воздухот овозможува истовремено печење на повеќе нивоа без мешање на мириси и вкусови.
Повеќе
Затвори

Печење на повеќе нивоа

Многу специјалитети истовремено
Комбинацијата на MultiFlow 360˚и HomeMade обликот помага да се постигне највисоката цел: подготовка на пет тави со различна храна во исто време. Добра вест: вкусовите и мирисите не се мешаат! Паметната распределба на воздухот осигурува подеднакво печење на храната на секое ниво. Бидејќи капацитетот на рерната е поголем, прегледноста е многу подобра. Моделите од Superior линијата овозможуваат тавите со храна да се печат на пет различни нивоа.
Повеќе
Затвори

Автоматски програми

Дури и почетниците можат да готват
Рерните од Gorenje нудат можност за целосно автоматко готвење на повеќе од 80 рецепти, што е идеално за почетници. Тајната на автоматскиот режим е многу едноставна – сите параметри како што се: време, температура и моќноста на грејачот, автоматски се приспособени. Сè што треба да направи корисникот е да одбере тип на јадење, тежина и... да притисне СТАРТ. Нашата рерна ќе се погрижи за се друго.
Повеќе
Затвори

Чекор по чекор (Step by step)

Совршен вкус во 2 или 3 чекори
При екстремно висока температура водата испарува од храната, со што храната се суши. Потребни се прилично знаење и кулинарско искуство за да ја менуваме правилно температурата во процесот на подготовка. Step mode овозможува автоматско програмирање на 2-3 чекори на избраната програма. Резултатот од овој начин на потдготовка е сочна храна, полна со сокови, но совршено потпечена. Во текот на процесот на подготовка нема потреба да ја отворате вратата со што се заштедува електрична енергија. Идеална е за печење на леб или лазањи кои бараат честа промена на температурата.
Повеќе
Затвори

Силвермат-емајл (SilverMatte)

Навистина отпорен, а ултра мазен
Квалитетот и типот на емајлот се многу важни за чистење на рерната. SilverMatte е високоотпорен материјал, кој поднесува екстремни температури и пиролитичко чистење на 500˚C. Доколку земеме предвид дека материјалот нема микропори, им овозможува на рерната и на тавите да бидат потполно отпорни на највисоки температури, на микробранови или пареа. Трислојната внатрешност на рерната овозможува одлична рефлексија на топлината и дополнителна изолација. Воедно, ги елиминира микроорганизмите и остварува стерилна и безбедна средина во рерната.
Повеќе
Затвори

AquaClean

Едноставно секојдневно чистење
Благодарение на комплетно новиот емајл во сите линии на рерните од Gorenje, функцијата AquaClean значително е унапредена. AquaClean нуди голема помош при чистењето на внатрешноста на рерната. Се што треба да направите е да ја наполните длабоката тава со половина литар вода и да ја вклучите функцијата AquaClean. Резултатот е видлив на целата површина и тавите за само 30 минути. Флеките и маснотиите омекнуваат и може да се избришат полесно отколку било кога до сега.
Повеќе
Затвори

BigSpace

Повеќе простор за поголема слобода при готвењето
Кај новата генерација на рерни од Gorenje, карактеристичната форма на сводот е скриена под горната маска. Оптималната количина на топол воздух слободно циркулира низ пространата внатрешност. Зголемениот капацитет овозможува подготовка на повеќе храна, во повеќе тави, и покрај тоа што надворешните димензии се исти. Наместо претходните 3 нивоа, рерната овозможува печење на 5 нивоа истовремено. Капацитетот се движи од 75 литри во стандарните рерни до 53 литри во микробрановите печки и е најголем капацитет на пазарот.
Повеќе
Затвори

GentleClose

Супер лесно и супер тивко
Благодарејќи на новиот дизајн на шарките, потребен е само лесен допир за да се затвори вратата без никаква бучава.

Сушење на храната (Dehydration)

Супер храна, секогаш при рака
Сувото месо, овошјето, зеленчукот и билките можете да ги подготвувате дома, многу брзо. Дехидратацијата е можна истовремено на 5 нивоа, со што заштедувате време и електрична енергија.

Јогурт

Најлесен начин да бидете здрави
Можеби, сè уште не сте слушнале, но здрав јогурт може да се подготви и во домашни услови. Се подготвува на 40˚C околу 3 часа, со мала помош на додатокот од Gorenje.

PureSteam

Без ниту една капка вода
Знаеме дека готвењето на пареа е здраво, но постојат разлики во начинот на подготовка. Рерните на пареа на Gorenje се потполно ослободени од вода во внатрешноста, благодарение на генераторот кој ја извлекува водата од пареата, така што внатрешноста и понатаму останува сува и чиста. Облакот од чиста пареа рамномерно се дистрибуира во рерната, без капка вода која може да ја расипе и да ја наводени храната.
Повеќе
Затвори

MultiSteam 360°

Природен спој на пареа и храна
Истиот вентилаторски систем од конвенционалните рерни, MultiFlow 360˚, се користи и во нашите рерни на пареа. Бидејќи пареата влегува во рерната низ бројни отвори, специјалниот вентилатор ја дистрибуира сосема рамномерно, давајќи ѝ на храната нежност и мекост. Само еден сад со вода е доволен за цел процес, без дополнително отворање на рерната, со што се заштедуваат време и електрична енергија и дава максимални резултати при подготовка на пареа.
Повеќе
Затвори

Декалцинирање (Decalcination)

Бигорот повеќе не е проблем
Отстранувањето на бигорот од резервоарот се прави автоматски. Кога ќе биде потребно, алармот ќе ве потсети да ја вклучите оваа функција. Бидејќи се додава специјален раствор, целиот процес трае еден час.

SousVide метод

Само еден чекор до меко и вкусно јадење
SousVide претставува лесен но магичен трик: готвење во вакум кеси. Храната ја подготвува така што ги зачувува витамините, минералите и другите хранливи материи. Бидејќи храната се подготвува во вакум на ниска температура, внатрешноста на месото е сочна и мека а зеленчукот останува цврст и вкусен. Процесот се одвива во компактната рерна на пареа од Gorenje.
Повеќе
Затвори

Здраво подгревање (HealthyReheating)

Подеднакво подгреано или одмрзнато
Комбинираната рерна на пареа може да се користи за да се подгрее или одмрзне јадењето. Кога се загрева храната, таа не се готви дополнително и никогаш не се суши. Одмрзнувањето е доволно унифицирано и нежно за да не ја промени структурата на храната. Поради тоа, подгревањето и одмрзнувањето во рерната на пареа едноставно е поздраво.
Повеќе
Затвори

Ултра ладна врата (UltraCoolDoor)

Слободно допрете – каде било и во кое било време
Специјалната тројна или четирислојна заштита, ги прави рерните безбедни за деца и за домашни миленици. Топлината се задржува внатре, со што се подобрува енергетската ефикасност на рерната.

SuperSize

XXL тави кои се вклопуваат во секоја рерна
Пространите рерни овозможуваат приготвување на повеќе храна – не само поради рамномерната циркулација на воздухот на сите нивоа, туку и поради ширината на тавите од 46cm во стандардните и компактните рерни. Инвентивните решенија овозможуваат повеќе простор во секоја тава, а супериорната void технологија помага за рамномерно печење на храната на сите нивоа.
Повеќе
Затвори

Совршен грил (PerfectGrill)

Двоен грејач за фантастично печење
Најдобриот резултат при печење во вградните рерни на Gorenje се постигнува благодарејќи на комбинацијата на грејачите. Големиот грејач е надвор, а малиот внатре. Напредните модели се опремени со варијабилни грејачи, што овозможува печење на храната со помош на помалиот или со помош на двата грејачи. Распоредот на топлината секојпат овозможува идеални резултати при печење, па храната е крцкава однадвор, а мека однатре.
Повеќе
Затвори

Сонда за месо (MeatProbe)

Совршено испечено, секој пат
Со контролирање на температурата внатре во месото, специјалната сонда го следи целиот процес на подготовка и го активира алармот доколку е потребно.

Слој без отпечатоци (TouchFree-слој)

Сјајна површина без отпечатоци од прсти
Сите површини, направени од неʼрѓосувачки челик, се обложени со специјален TouchFree слој кој не дозволува да се познаваат отпечатоците од прстите, оставајќи ја површината секогаш сјајна и полесна за чистење.

Бавно готвење (SlowBake)

Постепено до комплетно совршенство
SlowBake технологијата ја пече храната на ниска температура и до 6 часа. Поради долгото време на подготовка, месото и рибата се меки, но ги задржуваат својата сочност, арома и хранливост.
повеќе функциипомалку функции

Технички карактеристики

Superior линија

Боја: Инокс

Боја на рачката: Инокс

Материјал на управувачката плоча: Инокс и стакло

Употреблив волумен на рерната: 73 l

Комбинирана рерна на пареа (BigSpace) - 73 l Најголема употреблива површина за печење (SiperSize)

Совршен грил (PerfectGrill)

Електронско управување

Облик на копчињата: Ергономски копчиња

ProCook

Начини на загревање:
Долен и горен грејач
Долен грејач
Горен грејач
Инфра грејач
Вентилатор
Инфра грејач со вентилатор
Долен грејач со вентилатор
Долен грејач, кружен грејач и вентилатор
Мал инфра грејач
Oдмрзнување (Defrost)
Брзо загревање (FastPreheat)
Автоматско потпекување (AutoRoast)
Чистење со AquaClean функција
Ниско ниво на пареа
Средно ниво на пареа
Големо ниво на пареа
Одржување на топлина на веќе приготвено јадење (StayWarm)
Одржување на топлина на веќе приготвено јадење (StayWarm)
Еко функција
Готвење со пареа

Чекор по чекор (Step by step)

Дехидратација

Бавно готвење (SlowBake)

Функција Јогурт

Автоматски програми

Глатко затвoрање на вратата (GentleClose)

Чиста пареа без капка вода (PureSteam)

Рамномерна дистрибуција на пареа (MultiSteam 360°)

Рамномерно печење (MultiFlow 360°)

Отстранување на бигор (Decalcination)

Двострано осветлување

Истовремено печење на повеќе нивоа

1 тава за готвење на пареа

1 перфорирана тава за готвење на пареа

1 длабока емајлирана тава за печење

1 плитка емајлирана тава за печење

Решетка на рерната

Сонда за месо (MeatProbe)

Водилки за тави: Телескопски водилки на едно ниво со целосно извлекување

Сад за вода: 1,3 l

Термоелектричен осигурувач со автоматско исклучување

Дополнително динамичко ладење на рерната DC+

Тројно застаклена врата на рерната со двоен дефлектор (UltraCoolDoor)

Силвермат-емајл (SilverMatte)

Слој без отпечатоци (TouchFree инокс)

Потрошувачка на електрична енергија: 0,7 kWh (вентилаторска), 0,94 kWh (конвенционална)

Моќност на инфра грејачот: 2.700 W

Употреблив волумен на рерната: 73 l

Тип на апарат: Рерна

BCS789S22X

Димензии (ШxВxД): 59,5 × 59,5 × 54,6 cm

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 63,5 × 69,1 × 68 cm

Мерки за вградување: 56 × 59 × 55 cm

Нето тежина на апаратот: 34,4 kg

Бруто тежина на апаратот: 38,7 kg

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 1 W

Приклучна моќ: 3.400 W

Код: 472930

EAN Код: 3838942012471

Прилози

Accessories

Поврзани производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice