Мени+

Карактеристики на шпоретите

Вок-горилници (WokBurner)

Оригиналниот вкус на Азија, кај вас дома
Вок-горилниците многу брзо достигнуваат висока температура, што ја прави подготовката на азиски јадење во големи тави, лесна и достапна за сите.

Контрола на зовривање (BoilControl)

Искипена вода ... сега е минато!
Се грижиме за безбедноста, па поради тоа го ограничивме времето на непрекинато работење. Кога временската граница ќе се пробие, плочата сама се исклучува.

HomeMade облик

Искористете ги предностите од печењето на дрва
Традиционалниот, заоблен облик на рерните Gorenje и понатаму е една од најголемите предности. Инспириран од обликот на традиционалните фурни на дрва, овозможува топлиот воздух да циркулира слободно. Бидејќи храната се загрева рамномерно и од сите страни, секогаш е совршено печена: крцкава однадвор и сочна внатре. Во комбинација со специјалениот MultiFlow 360˚ систем на вентилација, Gorenje рерната нуди нешто навистина посебно – можност за печење на 5 нивоа.

StayWarm

За сите кои секогаш доцнат на вечера!
Функцијата StayWarm одржува константна температурата од 70˚C. На тој начин храната ги задржува вкусот и топлината до сервирањето.

Редуктор за кафе (Coffee Reductor)

Направен за совршен утрински ритуал
Новиот дизајн на плинските плочи на Gorenje вклучува многу практичен редуктор за кафе, идеален за садови со мал дијаметар.

Плински плочи

Инвентивно дизајнираните горилници на плинските плочи на Gorenje го контролираат нивото на пламен со цел да се забрза подготовката и да се овозможи поефикасно користење на плинот. Плинот секогаш се меша со воздухот пред да стигне до горилникот, па употребата на плинот и контролата на пламенот се значително унапредени од стандардните горилници. Горилниците се направени како целина, што го поедноставува чистењето.

Индукциски плочи

Индукциските плочи ја заграваат храната два пати побрзо од плинските плочи, што ги прави многу поекономични и побезбедни. Индукциската плоча го загрева само дното на садот додека, пак, површината на плочата останува ладна, па слободно можете да ја допрете. Температурата се приспособува веднаш, само со допир, и со тоа ја ограничува опасноста од претекување. Со таква плоча, топењето чоколадо, добрите сосови и секаков вид слатки, стануваат лесна задача.

Силвермат-емајл (SilverMatte)

Навистина отпорен, а ултра мазен
Квалитетот и типот на емајлот се многу важни за чистење на рерната. SilverMatte е високоотпорен материјал, кој поднесува екстремни температури и пиролитичко чистење на 500˚C. Доколку земеме предвид дека материјалот нема микропори, им овозможува на рерната и на тавите да бидат потполно отпорни на највисоки температури, на микробранови или пареа. Трислојната внатрешност на рерната овозможува одлична рефлексија на топлината и дополнителна изолација. Воедно, ги елиминира микроорганизмите и остварува стерилна и безбедна средина во рерната.

AquaClean

Едноставно секојдневно чистење
Благодарение на комплетно новиот емајл во сите линии на рерните од Gorenje, функцијата AquaClean значително е унапредена. AquaClean нуди голема помош при чистењето на внатрешноста на рерната. Се што треба да направите е да ја наполните длабоката тава со половина литар вода и да ја вклучите функцијата AquaClean. Резултатот е видлив на целата површина и тавите за само 30 минути. Флеките и маснотиите омекнуваат и може да се избришат полесно отколку било кога до сега.

CataClean

Површина која не поднесува маснотии
Каталитичкото чистење претставува голема помош во одржувањето на рерната. Кога рерната во текот на процесот на печење ќе достигне 200 ˚C, каталитичките панели почнуваат автоматски да апсорбираат масти и нечистотии. Потоа следи процес на оксидација. Порозната, остра структура на панелите помага при апсорпција на мастите.

SuperSize

XXL тави кои се вклопуваат во секоја рерна
Пространите рерни овозможуваат приготвување на повеќе храна – не само поради рамномерната циркулација на воздухот на сите нивоа, туку и поради ширината на тавите од 46cm во стандардните и компактните рерни. Инвентивните решенија овозможуваат повеќе простор во секоја тава, а супериорната void технологија помага за рамномерно печење на храната на сите нивоа.

BigSpace

Повеќе простор за поголема слобода при готвењето
Кај новата генерација на рерни од Gorenje, карактеристичната форма на сводот е скриена под горната маска. Оптималната количина на топол воздух слободно циркулира низ пространата внатрешност. Зголемениот капацитет овозможува подготовка на повеќе храна, во повеќе тави, и покрај тоа што надворешните димензии се исти. Наместо претходните 3 нивоа, рерната овозможува печење на 5 нивоа истовремено. Капацитетот се движи од 75 литри во стандарните рерни до 53 литри во микробрановите печки и е најголем капацитет на пазарот.

OpenView

Одличен поглед
Надградените модели се карактеризираат со двојно осветлување на големата шуплина на рерната. Комбинирана со стаклена врата, таа обезбедува јасен поглед на процесот на готвење.

Совршен грил (PerfectGrill)

Двоен грејач за фантастично печење
Најдобриот резултат при печење во вградните рерни на Gorenje се постигнува благодарејќи на комбинацијата на грејачите. Големиот грејач е надвор, а малиот внатре. Напредните модели се опремени со варијабилни грејачи, што овозможува печење на храната со помош на помалиот или со помош на двата грејачи. Распоредот на топлината секојпат овозможува идеални резултати при печење, па храната е крцкава однадвор, а мека однатре.

Сонда за месо (MeatProbe)

Совршено испечено, секој пат
Со контролирање на температурата внатре во месото, специјалната сонда го следи целиот процес на подготовка и го активира алармот доколку е потребно.

DC+ систем

Ефикасно распределување на топлината
DC+ системот ефикасно ја разладува рерната и спречува оштетување кое е предизвикано од високите температури. DynamiCooling системот на ладење работи додека рерната е вклучена, додека пак напредниот DynamiCooling+ систем работи и по исклучување на рерната.

DirecTouch

Перфектни резултати на врвот на вашите прсти
Едноставна контрола на рерната преку допирање на екранот. Големите и разбирливи симболи ја носат забележливата технологија на друго ниво со јасноста и едноставноста на употребата.

Сигурносно заклучување (ChildLock)

За потполна безбедност на вашите деца
Функцијата ChildLock е одлична за оние кои имаат деца. Никогаш не било побезбедно за децата да ги оставите сами во кујната, бидејќи не можат да ги регулираат или да ги активираат апаратите благодарејќи на оваа функција.

Ултра ладна врата (UltraCoolDoor)

Слободно допрете – каде било и во кое било време
Специјалната тројна или четирислојна заштита, ги прави рерните безбедни за деца и за домашни миленици. Топлината се задржува внатре, со што се подобрува енергетската ефикасност на рерната.

Мазна површина на вратата за полесно чистење

Едноставно подвижната врата на рерната е ослободена од какви било жлебови или рабови што можат да собираат нечистотија, правејќи го чистењето брзо и лесно.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice