Мени+

Карактеристики на рерните

HomeMade облик

Искористете ги предностите од печењето на дрва
Традиционалниот, заоблен облик на рерните Gorenje и понатаму е една од најголемите предности. Инспириран од обликот на традиционалните фурни на дрва, овозможува топлиот воздух да циркулира слободно. Бидејќи храната се загрева рамномерно и од сите страни, секогаш е совршено печена: крцкава однадвор и сочна внатре. Во комбинација со специјалениот MultiFlow 360˚ систем на вентилација, Gorenje рерната нуди нешто навистина посебно – можност за печење на 5 нивоа.

MultiFlow 360˚

Подеднакво добро од сите страни
MultiFlow 360˚ гарантира оптимална циркулација на топлиот воздух внатре во рерната. Благодарејќи на внимателно позиционираните MultiFlow 360° отвори на задниот ѕид и единствениот HomeMade облик, воздухот рамномерно се распоредува во рерната. Вентилаторот овозможува врелиот воздух да допре до секој агол на рерната правејќи ја храната совршено потпечена од сите страни. Динамичното движење на воздухот овозможува истовремено печење на повеќе нивоа без мешање на мириси и вкусови.

Печење на повеќе нивоа

Многу специјалитети истовремено
Комбинацијата на MultiFlow 360˚и HomeMade обликот помага да се постигне највисоката цел: подготовка на пет тави со различна храна во исто време. Добра вест: вкусовите и мирисите не се мешаат! Паметната распределба на воздухот осигурува подеднакво печење на храната на секое ниво. Бидејќи капацитетот на рерната е поголем, прегледноста е многу подобра. Моделите од Superior линијата овозможуваат тавите со храна да се печат на пет различни нивоа.

Автоматски програми

Дури и почетниците можат да готват
Рерните од Gorenje нудат можност за целосно автоматко готвење на повеќе од 80 рецепти, што е идеално за почетници. Тајната на автоматскиот режим е многу едноставна – сите параметри како што се: време, температура и моќноста на грејачот, автоматски се приспособени. Сè што треба да направи корисникот е да одбере тип на јадење, тежина и... да притисне СТАРТ. Нашата рерна ќе се погрижи за се друго.

Чекор по чекор (Step by step)

Совршен вкус во 2 или 3 чекори
При екстремно висока температура водата испарува од храната, со што храната се суши. Потребни се прилично знаење и кулинарско искуство за да ја менуваме правилно температурата во процесот на подготовка. Step mode овозможува автоматско програмирање на 2-3 чекори на избраната програма. Резултатот од овој начин на потдготовка е сочна храна, полна со сокови, но совршено потпечена. Во текот на процесот на подготовка нема потреба да ја отворате вратата со што се заштедува електрична енергија. Идеална е за печење на леб или лазањи кои бараат честа промена на температурата.

Силвермат-емајл (SilverMatte)

Навистина отпорен, а ултра мазен
Квалитетот и типот на емајлот се многу важни за чистење на рерната. SilverMatte е високоотпорен материјал, кој поднесува екстремни температури и пиролитичко чистење на 500˚C. Доколку земеме предвид дека материјалот нема микропори, им овозможува на рерната и на тавите да бидат потполно отпорни на највисоки температури, на микробранови или пареа. Трислојната внатрешност на рерната овозможува одлична рефлексија на топлината и дополнителна изолација. Воедно, ги елиминира микроорганизмите и остварува стерилна и безбедна средина во рерната.

PyroClean

Најбезбеден начин на самочистење
Пиролитичкото чистење е најдобар и најнапреден начин на чистење на рерната. Високата температура на чистење до 500˚C ја остава рерната сосема чиста, без трага од маснотии и остатоци. Првото ниво од процесот на чистење трае 90 минути, средното ниво 120 минути, додека пак интензивното ниво трае само 150 минути. На крајот на процесот треба само да го отстраните остатоците. Рерната е заклучена за време и непосредно по процесот на чистење. Најважно: рерната е чиста без употреба на хемикалии!

CataClean

Површина која не поднесува маснотии
Каталитичкото чистење претставува голема помош во одржувањето на рерната. Кога рерната во текот на процесот на печење ќе достигне 200 ˚C, каталитичките панели почнуваат автоматски да апсорбираат масти и нечистотии. Потоа следи процес на оксидација. Порозната, остра структура на панелите помага при апсорпција на мастите.

AquaClean

Едноставно секојдневно чистење
Благодарение на комплетно новиот емајл во сите линии на рерните од Gorenje, функцијата AquaClean значително е унапредена. AquaClean нуди голема помош при чистењето на внатрешноста на рерната. Се што треба да направите е да ја наполните длабоката тава со половина литар вода и да ја вклучите функцијата AquaClean. Резултатот е видлив на целата површина и тавите за само 30 минути. Флеките и маснотиите омекнуваат и може да се избришат полесно отколку било кога до сега.

BigSpace

Повеќе простор за поголема слобода при готвењето
Кај новата генерација на рерни од Gorenje, карактеристичната форма на сводот е скриена под горната маска. Оптималната количина на топол воздух слободно циркулира низ пространата внатрешност. Зголемениот капацитет овозможува подготовка на повеќе храна, во повеќе тави, и покрај тоа што надворешните димензии се исти. Наместо претходните 3 нивоа, рерната овозможува печење на 5 нивоа истовремено. Капацитетот се движи од 75 литри во стандарните рерни до 53 литри во микробрановите печки и е најголем капацитет на пазарот.

GentleClose

Супер лесно и супер тивко
Благодарејќи на новиот дизајн на шарките, потребен е само лесен допир за да се затвори вратата без никаква бучава.

Сушење на храната (Dehydration)

Супер храна, секогаш при рака
Сувото месо, овошјето, зеленчукот и билките можете да ги подготвувате дома, многу брзо. Дехидратацијата е можна истовремено на 5 нивоа, со што заштедувате време и електрична енергија.

Јогурт

Најлесен начин да бидете здрави
Можеби, сè уште не сте слушнале, но здрав јогурт може да се подготви и во домашни услови. Се подготвува на 40˚C околу 3 часа, со мала помош на додатокот од Gorenje.

DC+ систем

Ефикасно распределување на топлината
DC+ системот ефикасно ја разладува рерната и спречува оштетување кое е предизвикано од високите температури. DynamiCooling системот на ладење работи додека рерната е вклучена, додека пак напредниот DynamiCooling+ систем работи и по исклучување на рерната.

Ултра ладна врата (UltraCoolDoor)

Слободно допрете – каде било и во кое било време
Специјалната тројна или четирислојна заштита, ги прави рерните безбедни за деца и за домашни миленици. Топлината се задржува внатре, со што се подобрува енергетската ефикасност на рерната.

SuperSize

XXL тави кои се вклопуваат во секоја рерна
Пространите рерни овозможуваат приготвување на повеќе храна – не само поради рамномерната циркулација на воздухот на сите нивоа, туку и поради ширината на тавите од 46cm во стандардните и компактните рерни. Инвентивните решенија овозможуваат повеќе простор во секоја тава, а супериорната void технологија помага за рамномерно печење на храната на сите нивоа.

Телескопски водилки

Помош со лизгање
Телепскопските водилки кои лесно се извлекуваат даваат совршен преглед на она што го печете. Тоа значи побезбедно и полесно отстранување и чистење. Рерните од Gorenje имаат максимално подвижни водилки на три нивоа во Superior линијата. Во текот на пиролитското чистење треба да ги отстраните од рерната.

Совршен грил (PerfectGrill)

Двоен грејач за фантастично печење
Најдобриот резултат при печење во вградните рерни на Gorenje се постигнува благодарејќи на комбинацијата на грејачите. Големиот грејач е надвор, а малиот внатре. Напредните модели се опремени со варијабилни грејачи, што овозможува печење на храната со помош на помалиот или со помош на двата грејачи. Распоредот на топлината секојпат овозможува идеални резултати при печење, па храната е крцкава однадвор, а мека однатре.

Автоматско потпекување (AutoRoast)

Тајната на совршеното печење
Функцијата AutoRoast прво ја загрева рерната на 230°C. Храната се пече 30 минути, а потоа температурата паѓа на автоматски поставеното ниво. Оваа функција има голема предност – месото е крцкаво, потпечено однадвор, а совршено меко однатре.

Сонда за месо (MeatProbe)

Совршено испечено, секој пат
Со контролирање на температурата внатре во месото, специјалната сонда го следи целиот процес на подготовка и го активира алармот доколку е потребно.

Брзо загревање (FastPreheat)

Заводливо брзо, штеди време и електрична енергија
Со функцијата за брзо загревање, потребни се само 6 минути рерната да достигне температура од 200˚C, при што се заштедува 30% од времето. Оваа функција е многу корисна кога се приготвуваат јадења кои бараат рерната да е претходно загреана. Вграденото светло и звучниот сигнал ќе ве известат кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура.

Бавно готвење (SlowBake)

Постепено до комплетно совршенство
SlowBake технологијата ја пече храната на ниска температура и до 6 часа. Поради долгото време на подготовка, месото и рибата се меки, но ги задржуваат својата сочност, арома и хранливост.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice