Стратешки фокус

Gorenje Group останува компанија ориентирана кон производство на апарати за домаќинство. Ваквата стратегија ќе доведе до еволуирање на експанзивни и регенерирачки брендови и производи кои ќе дојдат до потрошувачите преку сопствената дистрибутивна и продажна мрежа на Групацијата.

Gorenje посебно ќе се фокусира на Европските маркети; посебно ќе бидат третирани источниот и југоисточниот регион од континентот затоа што обезбедуваат најдоходовни можности за развој и пораст. Компанијата ќе полага особено внимание на исплатливоста и на постојаното дотерување на производите и на процесите. Групацијата активно ќе се вклучува во интегрирањето на сродните процеси и ќе ги набљудува можностите за остварување на партнерски претпријатија.

Вработените во Gorenje Group имаат знаење, умешност и вештина да допринесуваат во конкурентноста на компанијата. Затоа, понатамошниот развој на работната сила останува приоритетна тема.

Стратешки цели

Позиционирање на пазарот:

Исполнување на годишните цели за учество на пазарот по географски региони заради остварување на одржлив развој и оптимална профитабилност за Групацијата; Најголемо учество на пазарот се постигнува на домашниот пазар и на пазарите во Југоисточна Европа; Основната дејност останува производството и продажбата на апарати за домаќинство и нивните сродни производи, заедно со мебел за кујни и купатила; Најголемиот дел од Gorenje производите се произведуваат во капацитетите на Групацијата, а неколку линии се изработуваат од надворешни ентитети.

Брендови:

Остварување на годишните цели за продажба на индивидуално брендираните производи за гореспоменатите региони за да се оствари одржливиот развој и оптималната профитабилност на Групацијата; Највисока продажба на Gorenje производите се остварува во земјите од Југоисточна европа и Словенија; Капиталните и стратешки заеднички вложувања ќе бидат интегрален дел од активната полиса за зајакнување на брендот Gorenje и неговата позиција на индивидуалните пазар.

Политика на инвестиции и дивиденди:

Инвестиционата стратегија ќе биде заснована врз сопствените финансиски извори на Групацијата – реинвестирање во согласност со моменталното ниво на девалвација плус две третини од нет профитот; Акционерските дивиденди ќе продолжат да се исплатуваат на годишно ниво во износ еквивалентен на една третина од нет-профитот.

Квалитет и иновации:

Понатамошно имплеметирање на интегрираните системи за квалитет (20 Keys system, Business Excellence, ISO, како и други национални и меѓународни стандарди за квалитет); Стандардизација на менаџерскиот систем за квалитет на процесите и на сметководството; Конзистентност и униформираност во обезбедувањето на постпродажното сервисирање; Намалување на трошоците за гаранции и на издатоците што произлегуваат од загубите и од производството што не ги задоволува стандардите за квалитет.

Развој на Инфо-технолошкиот систем:

Успешно интегрирање на подобрените информациони системи и соодветно дотерување на бизнис-процесите; Одржување на трошоците за реинвестирање, за производен развој и за измени во инфраструктурата во рамките на предвидените буџети; Транзиција кон процесно-ориентирана организација преку воспоставување на современите принципи на управување и тимска работа.

Управување со човечки ресурси:

Поставување на управувањето со човечки ресурси како основна функција на компанијата; Усогласување на бројот на вработени со новите информациони и процесно-управувачки системи; Одржување на лојалноста на персоналот и развој и зајакнување на корпоративната култура; Развој и унифицирање на постоечките системи на мотивација и наградување на вработените.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice