Мисија и визија

Мисија

Основната мисија на Gorenje е производство и маркетинг на апарати за домаќинство со висок квалитет, едноставни за употреба и безбедни за животната средина.

Gorenje ќе ги развива сите постоечки бизнис-сектори што имаат потенцијал за развој и ќе обезбедува взаемен корисен ефект за своите основни дејности. Помеѓу нив, посебен акцент е даден на конструкција на машини. производство на алат, мебел, бојлери, компјутерски услуги, кетеринг, туризам и трговија.

Визија

На прагот на 21 век, компаниите на Gorenje се соочија, и понатаму се соочуваат, со бројни големи предизвици за продолжување на развојот на нивните услуги. Посебно е важно да се одржи динамичниот и одржлив рзвој, што ќе ја одржува компанијата рамо до рамо со конкуренцијата. Тука е и потребата за активно следење и флексибилно приспособување кон промените во бизнис-околината, како и обезбедувањето на ефикасно сегментирање на различните услуги.

Холдинг компанијата и Gorenje Group го интегрираат своето целокупно знаење и искуство, акумулирани во последниот половина век, за да им одговорат на предизвиците на сегашноста, кои, за возврат, ќе му овозможат на Gorenje да ги постигне своите стратешки цели.

Gorenje настојува да стане оперативно флекибилна компанија.

Ваквата стратегија на оперативна флексибилност бара постојано следење на промените што се појавуваат во комерцијалната средина, соодветна евалуација и употребливост на стекнатите капацитети за да се одговори на развојот и на пазарната еволуција, како и воспоставување на услови што овозможуваат имплементирање и приспособување на параметрите поврзани со развојот.

Горе-споменатите процеси се одвиваат во секое оперативно ниво на индивидуалните компании што ја сочинуваат Групацијата, како и во конгломератот Gorenje, како хомогена единка; истото важи и за нивото на услуги и производство, за методологиите и технологиите што се однесуваат на производството на потрошувачки добра и на обезбедувањето сервис, како и за односот со потрошувачите, добавувачите, вработените...

Gorenje ќе продолжи да развива нови активности што долготрајно ќе допринесуваат во одржливиот развој на компанијата и во взаемното задоволство на неговите акционери, бизнис-партнери, вработени, животната средина и – секако – задоволството на потрошувачот.

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice