Историјата на Gorenje

1950 - 1960 Gorenje се формира во малото истоимено село. Во почетокот, фирмата се занимава со производство на земјоделски машини и со набавка на градежни материјали.

Во 1958 година ја шири својата дејност со производство на шпорети што работат на тврди горива. Потоа, се сели во соседниот град Велење и почнува да ги шири своите услужни дејности.
1961 - 1970 Компанијата го проширува своето производство со машини за перење и фрижидери и станува водечки производител на апарати за домаќинство во тогашна Југославија.

Во 1961 година Gorenje го прави првиот извоз – 200 шпорети за Германија.
1971 - 1980 Gorenje почнува да превзема други компании. Го проширува производството со изработка на кујнски елементи, керамика, медицинска опрема, телекомуникациски единици, телевизори и други електрични апарати – навистина комплетен ранг на производи за домот.

Компанијата, која во тоа време е присутна речиси во сите републики во Југославија, вработи над 20.000 луѓе. Се превземаа првите чекори кон формирање на дистрибутивна и продажна мрежа низ Западна Европа, за што беа формирани компании во Германија, Австрија, Франција, Данска, Австралија и Италија.
1981 - 1990 Период на стопирањето на инвестициите во непрофитабилното производство и комерцијалните дејности и како резултат на тоа, рефокусирање кон областите во кои Gorenje има најголемо искуство и производи со најголемо значење – апаратите за домаќинство.

Се прошируваат извозните пазари, вклучувајќи ги Велика Британија и САД.
1991 - 1996 Реструктуирање на Gorenje, од неодамнешниот социјалистички систем на самоуправување, во акционерско друштво и целосно приватизирана компанија што функционира во рамките на пазарна економија во развој.

Заради губењето на домашниот пазар, предизвикано од распадот на Југославија, овој период го обележува интензивното реориентирање кон експанзија на извозот.

Со промените што се случуваа во регионот и со развојот на нови пазарни економии се формираа компании и во Источна Европа (Чешка, Унгарија, Полска,Бугарија и Словачка). Дополнително, се реоформија и компании во новите држави што произлегоа од распадот на Југославија.
1997 - 2004 По целосната трансформација, од државно претпријатие, Gorenje станува акционерско друштво. Во последните години Групацијата работи на воспоставување нови технологии и стандарди за заштита на животната средина и на повторното освојување на пазарите од некогашна Југославија.

Последнава деценија беше период на огромни инвестиции во експанзијата и модернизацијата на производните услуги,отворање на нови пазари, вградување на еколошки и иновативни технологии, обезбедување на нови магацински услуги, како и производство на производи од пластика и пакување.

Новите производни линии на Gorenje се истакнуваат со својот висок квалитет, модерен дизајн како и со фактот што се едноставни за употреба и безбедни за животната средина.

Во согласност со своите стратешки планови, Gorenje внесува нов концепт во својата бизнис-доктрина, попознат како Сè за домот.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice