Сигурносно известување

 

Со цел да се постигне највисок степен на сигурност на корисниците на апаратите на Горење, ги повикуваме сопствениците на следниве модели ладилници и замрзнувачи:

RKI-ORA-E
RK-ORA-S
RK-ORA-E
RK-ORA-S-L
RK-ORA-E-L
RKI-ORA-E-L

година на производство 2007, да го проверат серискиот број и бројот на артиклот. Кај горенаведените модели, под одредени услови потенцијална грешка може да предизвика несакани последици на апаратот.

Моделите кај кои е можно да имаат потенцијален проблем, се со сериски број 7XXXXXX и артикал број 172770, 172260, 172261, 172262, 184831, 184832.

Моделот на апаратот, серискиот број и бројот на артикалот се отпечатени на самолепливата плочка што се наоѓа во внатрешноста на производот, од левата страна, кај садот за зеленчук. Истите податоци се наведени и во гаранцискиот лист кој го имате добиено со самиот апарат.

 

 

Корисниците на некој од овие модели, ги молиме да се јават во нашиот централен сервис на следниве телефонски броеви 02/ 3074-658, 02/ 3074-856, од понеделник до петок помеѓу 08.00 и 16.00 часот и сабота од 09.00 до 15.00 часот, со цел да се договориме за бесплатна проверка на апаратот.

Иако опасноста по апаратот е минимална, Горење превзема максимални мерки на претпазливост се со цел да се информираат корисниците за потенцијалната опасност и да се осигура високо ниво на безбедност.

Ова известување не се однесува на корисниците кои ги немаат горенаведените модели на ладилници и замрзнувачи со наведените сериски и броеви на артикли.

Се извинуваме за евентуалните непријатности и се заблагодаруваме за разбирањето.