Движењето #simplyfans на Горење ги обедини ракометните навивачи во Европа - Gorenje
Понеделник, 29. Јануари 2018

Движењето #simplyfans на Горење ги обедини ракометните навивачи во Европа

Движењето #simplyfans на Горење ги обедини ракометните навивачи во Европа

Горење беше горд спонзор на Европското првенство во ракомет EHF EURO 2018, кое заврши во неделата, 28 јануари, со победата на Шпанија. Дополнителен придонес на Горење на овој голем спортски настан беше и специјалната промотивна кампања #simplyfans, со која Горење се стремеше да ги намали границите и да ги обедини спортските навивачи од целиот регион. Горење успеа да го постигне тоа со обединување на повеќе од 700 ракометни навивачи од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина во Загреб со специјални #simplyfans навивачки автобуси за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство во ракомет EHF EURO 2018.

Движењето #simplyfans на Горење ги обедини ракометните навивачи од целиот регион

Преку движењето #simplyfans, Горење ги охрабри ракометните ентузијасти од сите националности, култури и верувања да навиваат не само за своите тимови, туку и за посветеност, за спортот и за играчите и да уживаат во самиот ракомет. Пораката на кампањата „Да навиваме заедно. Да навиваме за ракомет.“, беше дефинитивно слушната.

#simplyfans амбасадорот, Ивано Балиќ, главна ѕвезда на штандот на Горење во Арена Загреб

Главна ѕвезда на промотивниот штанд на Горење за време на финалето во Арена Загреб беше Ивано Балиќ, поранешниот хрватски ракометар, кој беше два пати именуван за најдобар играч на годината од страна на Интернационалната ракометна федерација. Ракометните навивачи во Арената веднаш ја препознаа хрватската ракометна легенда и беа нестрпливи да се запознаат и да се сликаат со него. Бидејќи неговото мислење е сеуште влијателно во светот на ракометот, тој, исто така, доби големо медиумско внимание на настанот. Ивано верува во значењето на спортскиот дух, не само на теренот, туку и на трибините меѓу навивачите. Тој уживаше во возбудливиот финален меч на шампионатот од ВИП ложата.

EHF EURO 2018 го зајакна брендот Горење

Партнерството на највисоко ниво на европскиот ракомет му донесе на Горење уште поголема препознатливост на сите негови клучни пазари. Горење беше прикажан и презентиран на сите емитувани натпревари низ целиот свет - во 30 земји во Европа или 47 земји во светот. Бидејќи земјите од кои потекнуваат најсилните европски ракометни тимови, исто така се најважните пазари за продажба на Горење, спонзорството на EHF EURO 2018 сигурно ќе даде значителен придонес во остварувањето на прогресивните бизнис цели на Горење. Покрај тоа, натпреварите беа одлична „арена“ на вмрежување со стратешки меѓународни партнери. На крајот од EHF EURO 2018 од Горење објаснија: »Во Горење ние ги поддржуваме професионалните спортисти и професионалните спортови и ќе продолжиме да го правиме тоа. Спортските спонзорства несомнено придонесуваат за препознавање на брендот „Горење“ на меѓународниот пазар и се засноваат на два столба: спонзорство на словенечкиот нордиски тим и ракометните спонзорства. Убедени сме дека спортистите, поради нивната напорна работа и нивната мисија, ја заслужуваат нашата поддршка. Ќе продолжиме да ги прославуваме победите со нив и да застанеме покрај нив кога ќе изгубат, бидејќи сите ние ги делиме истите вредности и истиот спортски дух. «

За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.simplyfans.eu.

 

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice