Понеделник, 24. Април 2017

SmartFlex машини за садови од Gorenje, произведени во Словенија

SmartFlex машини за садови од Gorenje, произведени во Словенија

Стигнаа резултатите од тестирањето: SmartFlex машините за садови од Gorenje, произведени во Словенија и со 5 години целосна и бесплатна гаранција, се број еден во ефикасност на миење садови меѓу 155 тестирани модели од различни брендови

Стигнаа резултатите од тестирањето: SmartFlex машините за садови од Gorenje, произведени во Словенија и со 5 години целосна и бесплатна гаранција, се број еден во ефикасност на миење садови меѓу 155 тестирани модели од различни брендови

Тестирањето на машини за садови, спроведено од страна на здруженијата на европските потрошувачи, членови на ICRT, покажа дека SmartFlex машините за садови од Gorenje, произведени во Словенија, дефинитивно се најефикасни машини за миење садови.

Тестирањето на машини за садови, спроведено од страна на Европската асоцијација на потрошувачи, која е членка на независната Меѓународна организација за истражување и тестирање на потрошувачите (ICRT), се обиде да одговори дали е поефикасно да се мијат садови на рака или во машина за садови. Тестирани се 155 машини за садови од повеќе познати брендови и се споредувани во шест категории кои ја дефинираат совршеноста на машината: потрошувачка, времетраење на програмата, бучава, погодност и модел. Ефикасноста на миењето е најважната категорија во тестирањето, која опфаќа околу 58,5% од вкупниот број на бодови.

Покрај значително поголемата количина на чисти садови, тестирањето покажа дека меѓу сите 155 тестирани модели, SmartFlex машината за садови од Gorenje, произведена во Словенија, е најефективаната машина за садови.

SmartFlex машините за садови од Gorenje имаат врвна енергетска ефикасност и се рангирани во А +++ енергетска класа. Тие можат да се пофалат со голем број на напредни решенија кои го поедноставуваат секојдневниот живот во модерниот дом и му овозможуваат на корисникот да се фокусира на поважни работи во животот, како на пример: автоматска програма која го прилагодува процесот на миење на тоа колку се нечисти садовите и ги мие совршено, и функцијата SpeedWash, која е пократка програма за миење садови и побрз начин до беспрекорно чисти садови за само 15 минути. Брзиот и интензивен начин на миење QuickIntensive исто така значително го намалува потребното време и го редуцира неопходното внимание за миење, бидејќи потребни се само 90 минути за да се измијат и да се исушат садовите во машина за садови. Овој начин на миење овозможува подобро и побрзо да се измијат садовите во машина за садови со користење на помалку енергија и вода отколку ако истите се мијат на рака. Сето ова е овозможено од InverterPower Drive моторот, кој работи без четкици и го елиминира трошењето и кинењето и со тоа придонесува за зголемување на ефикасноста на миењето. Покрај тоа, SmartFlex машината за садови од Gorenje е исто така еколошки поповолно решение дури и за оние кои користат само мал број на прибори дневно. Благодарение на иновативна IonTech технологија која го користи природен принцип на јонизација, се отстрануваат сите непријатни мисири, без додавање на никакви вештачки супстанции. На овој начин можете комотно да почекате да се наполни машината за садови, а таа ќе ја задржи свежината, дури и кога е полна со нечисти садови подолг временски период. Исто така, машината за садови од Gorenje овозможува миење на 16 комплети за јадењe во еден циклус, што придонесува за уште поголема ефикасност на миење.

Резултатите од тестот се уште еден доказ за извонредноста на технологијата и знаењето, развиени од Gorenje. SmartFlex машините за садови од Gorenje се развиени од страна на експерти во сопствениот центар за едукација на Gorenje во Шведска, а се произведени во Велење, Словенија. Производството на новата серија машина за садови на најнапредната автоматска линија за склопување во Велење, Словенија, е овозможено со инвестиција од 8 милиони евра, која отпочна во 2016 година.

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice