Понеделник, 23. Ноември 2015

Новиот навлажнувач на воздух со јонизатор

Новиот навлажнувач на воздух со јонизатор

Имате суво грло, зарипнат глас, носот ви е затнат или Ве печат очите? Можеби воздухот во просторијата во која поминувате најмногу време е премногу сув?

Горење ви нуди решение за овие проблеми – новиот навлажнувач на воздух со јонизатор Gorenje H50DW, кој ќе се погрижи да постигнете оптимална количина на влага во воздухот. Апаратот со модерен изглед и дизајн одлично ќе се вклопи во секој дом или канцеларија.

Најновиот навлажнувач има и антибактериски филтер и јонизатор, кои дополнително го подобруваат квалитетот на водухот затоа што со испиштање на негативните јони во водухот се постигнува оптимален сооднос на позитивни негативни јони во воздухот. Тој сооднос во затворени простории со застоен воздух е нарушен. Негативните јони од воздухот привлекуваат статички електрицитет кој се создава на синтетичките материјали, екраните на ТВ уредите и слично. Поради сето тоа се намалува количината на негативни јони и се зголемува количината на позитивни јони што создава енергетски дисбаланс во просторот, кој што е многу штетен за здравјето.

Навлажнувачот на воздух Gorenje H30DV кој што делува со сила од 130W може со помош на ултразвучната технологија Ultra Sonic, 5 до 10 литри да ги претвори во магла за еден  ден. Функцијата Humidity Control со помош на сензор одржува релативна влажност во просторијата на ниво кое сам ќе го одбереш. Новата SmartControl технологија овозможува овозможува повеќекратно подесување на интензитетот на делување, има тајмер и SleepMode функција кога делува со половина од капацитетот.

Повеќе информации за овој уред на следниот линк.

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice