Понеделник, 7. Септември 2015, Berlin

Дизајнираната линија Gоrenje by Starck промовирана на IFA во Берлин

Дизајнираната линија Gоrenje by Starck промовирана на IFA во Берлин
Горење саемот IFA во Берлин ја претстави најновата дизајнирана линија на апарати за домаќинство потпишана од светски познатиот дизајнер Филип Старк чија што главна порака е „ветување за конфорен квалитет и супериорно искуство на корисниците“
Оваа година на ИФА имаме светска премиера на нови апарати за готвење од брендовите Горење и Аско, како и свежа и елегантна дизајнирана линија во соработка со Филип Старк. Со тоа го обновуваме нашиот имиџ на тренд-сетери во индустријата на апарти за домаќинство паралелно со олеснување на секојдневниот живот на нашите корисници со софистициран дизајн и иновативни решенија. Горење осум години по ред настапува на ИФА саемот кој што го гледаме како одлична можност да сретнеме бизнис партнери, како и крајни корисници за нашите производи“, изјави Фрањо Бобинац, претседател и ЦЕО на Горење Групацијата.

Новата линија Gоrenje by Starck

Централен настан на штандот на Горење на ИФА е промоцијата на дизајнираната линија апарати за домаќинство од страна на Филип Старк, еден од најголемите модерни дизајнери на денешницата. Вградна рерна, плоча за готвење, аспиратор и фрижидер се елементите направени како престижна комбинација од челик и рефлектирачко стакло, чиј што отсјај лесно ќе се вклопи и измеша со амбиентот во кој што ќе бидат поставени.

Gоrenje by Starck е линија која ќе биде наш адут особено на европскиот и другите пазари каде што купувачите особено го ценат супериорниот дизајн и функционалноста. Веруваме дека оваа дизајнирана линија дополнително ќе ја зацврсти репутацијата на нашиот бренд и ќе ја подобри продажбата на редовниот асортиман на Горење“, вели Марко Мрзел, главен менаџер за продажба во компанијата.

Промоција на новата Infinity колекција

Важен дел зазема и новата Infinity колекција. Оваа колекција се очекува да го привлече вниманието на љубителите на безвремениот класичен дизајн. Апаратите за домаќинство во боја на слонова коска или ебони со детали од бакар даваат доза на носталгичност. Тие се одличен избор за оние кои сакаат комбинација на функционалност и безвременост во технолошки напредните апарати за домаќинство.

Горење со нов идентитет и имиџ

На овој саем Горење исто така го промовираше својот нов бренд идентитет кој што е успешно променет од бренд насочен кон производство во бренд кој што ги слуша и следи потребите на своите корисници. Во време на константна трка со времето, Горење е извор на безброј идеи кои го поедноставуваат животот. Производите на Горење нудат едноставен и енергетски ефикасен начин да се стигне до посакуваните резултати. Во исто време се убаво дизајнирани и долготрајни.

Во изминатите 65 години Горење изненадува милиони свои корисници со своите практични решенија за секојдневните предизвици. Во денешното брзо темпо на живеење, времето поминато со семејството е вредност која Горење високо ја цени и затоа нашата мисија е на нашите корисници да им дадеме повеќе ВРЕМЕ“, вели Марио Вогл, задолжен за корпоративниот маркетинг во компанијата.

Горење исто така ќе ги промовира своите најнови, модерни вградни апарати за готвење со напредни технолошки решенија, како што се вгрдни рерни, плочи, аспиратори, микробранови печки, фрижидери и машини за перење.

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice