Заштита од сонцето за нашите деца - Gorenje

Заштита од сонцето за нашите деца

СЕМЕЈСТВО
27.6.2018

Децата сакаат да се забавуваат. Со овие 6 совети, осигурете се дека за нив летото ќе биде колку што е можно побезгрижно и дека ќе бидат соодветно заштитени од сонцето.

1. Сенка: Поттикнувањето на вашето дете да си игра во сенка, сѐ уште е најдобра заштита од сонце. Чувајте ги подалеку од сонцето, особено помеѓу 11 часот претпладне и 4 часот попладне. Во овој период, изложеноста на сонце без заштита може да предизвика сериозно оштетување на нивната нежна кожа. Кога станува збор за бебиња, препорачливо е да ги чувате од директната сончева светлина во секое време, освен ако тоа не може да се избегне.

2. Заштитна облека: Облечете го вашето дете во лесна облека што ќе го заштитува, најдобро е таа да биде поголема, поширока памучна облека, во светли бои. Таа овозможува подобра циркулација на воздухот, ја апсорбира потта и помага да се излади телото.

3. Шапка: Шапката со широк обод ќе обезбеди најдобра заштита за нивното лице и за вратот. Дозволете му на вашето дете да ја избере шапката, за да бидете сигурни дека ќе сака да ја носи.

4. Очила за сонце: Купувањето очила за сонце за вашето дете не е само каприц. Целосната заштита на очите на вашето дете треба да биде високо на листата на приоритетите за време на жешките летни денови. Проверете дали очилата се сертифицирани за филтрирање на УВ-зраците.

5. Млеко за сончање: намачкајте ги изложените делови од кожата на вашето дете со млеко за сончање што има соодветен фактор за заштита од сонцето. Не заборавајте да го аплицирате на ушите, лицето и на задниот дел од нивниот врат, дури и ако носат шапка. Повторно нанесувајте го, доволно често, за да ја заштитите кожата.

6. УВ штитници за стакла: Купете УВ штитници за страничните и за задните прозорци во вашиот автомобил. Една неодамнешна студија покажа дека некои прозорци за вратите на автомобилите не обезбедуваат доволно заштита против штетните УВ-зраци.

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност.

Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice