Мамо, мамо, може ли да помогнам? - Gorenje

Мамо, мамо, може ли да помогнам?

СЕМЕЈСТВО
18.10.2018

Колку пати сте го слушнале ова прашање: „Мамо, мамо, може ли да помогнам?“ или можеби прашањето беше: „Тато, тато, може ли да помогнам?“ Кога децата се мали, тие се огледуваат на своите родители и воодушевени се од можноста да бидат нивни лични асистенти. Искористете ја оваа огромна можност да го научите вашето дете да работи. Не само што ќе ги поучувате на непроценливи вештини, туку ќе создавате бесценети спомени со вашето семејство.

Чистење на кадата. Чистењето на кадата може да биде толку забавно за децата. Но, прво треба да ја навистина да ја извалкате. Користете гел бои за цртање со раце и поттикнете ги децата да ја користат нивната имагинација. Кога ќе завршите, пуштете ја водата. Објавете дека сега се натпреварувате кој ќе биде првиот што ќе ги отстрани сите бои, користејќи благ детергент.

Спојување чорапи. По завршниот звучен сигнал на машината за сушење, прашајте ја вашата малечка ќерка или син дали ќе ви помогне да ги споите чорапите. Во меѓувреме, може да зборувате чии се чорапите и каква боја се. Покажете им, исто така, како да ги преклопите чорапите и ќе бидете изненадени од тоа колку брзо спојувањето на чорапите ќе биде минато за вас.

Варење кафе. Како децата ви носат кафе во креветот, во недела наутро, не мора да биде само желба. Точно е дека тие не можат да го направат тоа кога се уште многу мали, но може да ги вклучите во процесот на варење кафе рано наутро. Поканете ги да ви помогнат, замолете ги да ги земат филџаните за кафе и тацните на масата или да додадат шеќер во филџаните.

Чистење на огледалото. Децата сакаат да се гледаат себеси во огледалото. Понудете им чиста крпа и шише со прскалка со топла вода измешана со бел оцет. Тогаш само почекајте и ќе видите колку ќе бидат среќни да ги исчистат сите огледала во вашиот дом.

Менување на постелнината. Кога менувате постелнина, повикајте го вашето малечко да ви помогне да ги носи чаршавите во машината за перење. Вашиот млад асистент ќе биде среќен да помогне и насмевката на лицето ќе стане уште поширока ако му дозволите да го притиснете копчето за стартување на машината за перење.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice