3 едноставни сензорни активности за деца - Gorenje

3 едноставни сензорни активности за деца

СЕМЕЈСТВО
19.12.2017

Занимавањето на децата, особено за време на долгите зимски вечери, понекогаш може да се покаже како голем предизвик. Сите книги се прочитани, коцките наредени, принцезите спасени.

Но ви требаат само неколку обични кујнски состојки за овие сензорни активности, кои ќе ги забавуваат децата со часови и ќе ги направат среќни. Предупредување: вашата куќа може да стане малку неуредна во оваа активност, но вреди заради блескавите очи на децата да си планирате чистење по сето тоа.

Оваа игра со две состојки содржи најубави свилени мазни текстури, кои децата едноставно ќе ги сакаат. Сѐ што ви треба е пченкарно брашно и некаков регенератор за коса. Најевтиниот вид регенератор за коса ќе одговара, само бидете сигурни дека има убав, не премногу силен мирис. Можете дури и да го чувате пластелинот во пластично ќесе што се затвора во текот на неколку недели. Кога ќе почне да станува сув и трошлив, само додадете уште малку регенератор за коса.

Најмекиот пластелин

Инструкции:

  1. Ставете две чаши пченкарно брашно во голем длабок сад.
  2. Додадете приближно една чаша регенератор за коса, мешајќи со рацете додека не се соедини сè. Пластелинот ќе биде мек, свилен и еластичен.
  3. Можете да додадете светки или боја за храна за да го направите уште поинтересно.

Ооблек

Дали е цврсто или течно? Oоблек е супстанција со смешно име и со фасцинантни особини: ќе се однесува како цврста супстанција ако брзо ја удрите и течна ако дозволувате да се лизга низ прстите. Во случај да одгледувате иден физичар, ова се нарекува нењутонска течност.

Инструкции:

  1. Ставете една чаша пченкарно брашно во голема длабока чинија или во пластична кутија.
  2. Додајте чаша вода, мешајќи со рацете, додека сè не се соедини. Смесата треба да биде густа и таа ќе се стегне ако ја удирате. Додадете повеќе вода, ако е премногу сува или повеќе пченкарен скроб, ако е премногу течна.

Забава со меури од сапуница

Сите деца сакаат да дуваат меурчиња! Но тоа не е баш активност за домашен простор, освен ако не сте обожавател на дамки од сапун на вашиот мебел. Сепак, имаме решение. Сѐ што ви треба е вода, течност за миење садови, пластична чаша и сламка.

Инструкции:

  1. Наполнете ја пластичната чаша до половина со вода.
  2. Додадете неколку капки од течноста за миење садови во водата и измешајте ја со сламката. Ако сакате, можете исто така да додадете капка боја за храна.
  3. Ставете сè на плехот за печење или во плитка пластична кутија за да го задржите хаосот во граници.
  4. Нека вашето дете дува во водата низ сламката за да се направи кула од меури!

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice