Печен аспарагус со бадеми, путер и пармезан - Gorenje

Печен аспарагус со бадеми, путер и пармезан

ХРАНА
21.3.2018

Ова пролетно јадење е совршена закуска, предјадење или гарнир.

Состојки:

  • 200 g аспарагус
  • 1 супена лажица печени бадеми
  • 1 лажиче путер
  • маслиново масло
  • пармезан

Бланширајте го аспарагусот во зовриена солена вода 2 минути. Исцедете го и потурете го со малку маслиново масло. Загрејте ја тавата за печење, ставете ги стеблата од аспарагус врз неа и печете ги на висока температура неколку минути, превртувајќи ги, за да добиете убав мирис на испечено. Во меѓувреме, истопете путер во тава. Поделете го аспарагусот во 2 чинии, зачинете го по вкус и натопете го секое стебло со прелив од топен путер, печени бадеми и рендан пармезан.

Ние правиме да биде поедноставно. Вие правите да биде совршено.

Готвењето како готвач може да биде едноставно. Сè што е потребно е креативна искра, бидејќи вашата плоча на плин од Gorenje, ќе се погрижи за сè друго. Со нејзината голема површина, со моќниот горилник со напредни функции, таа нуди поддршка за вашите најхрабри потфати во готвењето.

Заблескајте со вашата креативност и изненадете ги вашите најблиски со совршените јадења за кои само сонувале.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice