Лесен домашен леб - Gorenje

Лесен домашен леб

ХРАНА
19.1.2018

Овој леб дава топлина за секој оброк. Слаткиот и богат вкус на овој свежо печен леб од цело зрно пченица е нешто што мора да го пробате.

Состојки:

За почетното тесто:

  • 20 g свеж квасец
  • 2 лажици бело пченично брашно
  • 1 прстофат шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 100 ml млака вода

За тестото:

  • 500 g брашно од цело зрно пченица
  • 1 лажица растително масло
  • 1 лажичка сол
  • 300 ml млака вода

Подгответе го квасецот. Додадете изронет квасец, брашно, шеќер и сол во 1 dl млака вода, за да добиете мазна мешавина. Оставете да нарасне околу 5 минути.

Подгответе го тестото. Додадете ја смесата со квасецот во брашното, потоа додадете масло и сол. За време на месењето, додадете млака вода. Формирајте го тестото во топка, покријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне околу 30-40 минути (додека тестото не се зголеми двојно во обем).

Замесете го тестото уште еднаш, формирајте леб и ставете го во сад за печење, врз хартија за печење. Покријте го лебот со памучна крпа и нека стасува уште 20-30 мин.

Пред печење, исечете го лебот со 4 дијагонални линии за да го спречите пукањето. Вклучете ја програмата за печење леб или поставете ја рачно.

По печењето, извадете го лебот од рерната и оладете го пред сечењето.

ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕТКАТА: на средина

ОПРЕМА: сад за печење

Чекор 1 - ЗАГРЕВАЊЕ: Чекор 2: Чекор 3:
СИСТЕМ: горен + долен грејач ТЕМПЕРАТУРА: 220°C ТЕМПЕРАТУРА: 180-190°C
ТЕМПЕРАТУРА: 220°C ВРЕМЕ: 15 мин ВРЕМЕ: 25-35 мин.
ВЛЕЗ НА ПАРЕА: 1-5 мин.

Нежен извор на здравје и вкус: вградни рерни на пареа

Комбинарната рерна на пареа од Gorenje нуди сѐ во едно: топлина, пареа и sous-vide метод на бавно готвење. Ако сакате вашата храна да биде мошне вкусна, полна со витамини, минерали и хранливи материи, со моќна фина текстура на врвот, ова е вистинската рерна за вас.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice