Карневалски крофни - фритули - Gorenje

Карневалски крофни - фритули

ХРАНА
22.2.2019

Кога размислувате за карневалот, сигурно ќе почувствувате мирис на вкусни слатки во воздухот. 😉

Постојат неколку варијации на овие уштипци, но нас навистина ни се допадна оваа италијанска верзија, наречена Фритули.

Состојки:

  • 500 g бело пченично брашно
  • 30 g квасец
  • 200 g ореви
  • 100 g мед
  • цимет
  • гоџи бобинки за декорација

Растопете го квасецот во вода и додадете шеќер. Оставете го да нарасне 10 минути. Додадете го брашното во сад и истурете го растворениот квасец. Додајте вода и добро замесете го тестото. Оставете го да нарасне околу еден час. Загрејте го маслото и со лажичка полека спуштете го тестото во маслото. Пржете ги фритулите рамномерно до златно кафеава боја.

Загрејте го медот и исечете ги оревите. Пржете ги оревите во загреаниот мед. Истурете ги медот и оревите преку пржените фритули. На крај, посипете со гоџи бобинки.

Индукциски плочки во согласност со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex индукциските плочи од Gorenje  секојдневно даваат комплетно кулинарско искуство. Со голем број прецизно поставени функции кои го олеснуваат комуницирањето со површините за готвење, подготовката на јадење никогаш не била поедноставна, поинтуитивна и посигурна.

Можеби би сакале исто така да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice