Постигнете совршени резултати со вистинските помошници во кујната - Gorenje

Постигнете совршени резултати со вистинските помошници во кујната

ХРАНА
19.2.2018

Поедноставете ја вашата дневна рутина на готвење со тоа што ќе одберете совршен кујнски помошник:

Совршено изблендирано смути. Најголемото богатство е здравјето! Негувајте го, така што ќе уживате во здрава и колку што е можно поразновидна храна. Добра идеја е да се јаде многу овошје и зеленчук, а смути пијалаците може да бидат најпогодниот начин да го направите тоа. Едноставно додадете ја вашата омилена комбинација на состојки во смути мејкерот. Помоќна опција е блендер со голем број вртежи во минута.

Совршен шлаг. Тешко дека постои десерт што не го цени друштвото на шлагот. Без разлика дали се користи само за декорација или е клучна состојка, шлагот има идеална текстура. За совршени резултати, користете го вашиот омилен рачен миксер со маткалка за шлаг. Друга добра опција е сестраниор рачен блендер со додаток маталка за шлаг.

Совршено замесено тесто. Нема ништо поубаво од мирисот на свеж леб, особено во утринските часови, додека се подготвувате да го започнете денот. За исклучителното уживање со совршената кора и крцкавост, ви треба совршено тесто. Заштедете го своето време и препуштете ѝ ја работата на докажаната машина за месење: автоматски апарат за леб. Алтернативно, користете рачен миксер со куки за тесто.

Совршени закуски на скара. Скарата секогаш е во мода. Таа го прави шмекот на пикникот, но е и сосема неопходна кога правите закуски во срцето на вашиот дом. Вашиот тостер ќе донесе правда за разни јадења на скара, како и за старите но добри тост сендвичи. Опцијата за заштеда на просторот е мини тостер или тостер за правење сендвичи, кој е покомпактен, но често е пристоен придружник на магијата што ја создаваат големите мајстори на скарата.

Совршено сечкан кромид. Прецизни парчиња и сочувани витамини. Кромидот честопати е кралица на предизвиците кога се подготвуваат клучните состојки за извонредните јадења. Можете лесно да ги решите тие предизвици со користење на лесен сецко или процесор за храна како алтернатива. Наместо да леете солзи над даската за сечење, тој момент ќе го претворите во кулинарско блаженство.

Совршено мелење на сите јаткасти плодови. Дали сте љубител на сирови десерти, здрави закуски или крцкави додатоци? Клучната состојка на вашите ремек дела се секако јаткастите плодови, совршено измелени во силен блендер кој вклучува додаток за мелење. Алтернативно, за мелење на јаткастите плодови добро функционира и мелница за кафе. Креативноста не познава граници, особено во кујната.

Запознајте ја линијата на мали апарати за домаќинство - Chef's collection

Chef's Collection е линија од висококвалитетни, издржливи мали апарати за домаќинство. Секој од нив е тестиран во професионалната кујна на готвачот Андреј Кухар, кој е повторно победник на Michelin-star.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice