Едноставно пакување - 6 чекори до релаксирано рутинско пакување - Gorenje

Едноставно пакување - 6 чекори до релаксирано рутинско пакување

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
27.6.2018

Сонцето сјае и летото тропа на нашите врати. Летниот одмор е само на чекор од нас. Сè што ви треба е да спакувате неколку најважни работи пред да заминете на пат.

1. Направете список. Направете општ список на сите основни работи што ви се потребни за одморот. Потоа само додадете ја облеката и опремата што ви треба за одредената дестинација. Не заборавајте да ја проверите временската прогноза!

2. Исперете ги алиштата однапред. Но забележувате дека сте заборавиле да ја исперете вашата омилена маица? Не грижете се, брзите програми на вашите машини за перење и за сушење ќе ве спасат. Некои машини за перење се програмирани да перат не повеќе од 20 минути.

3. Планирајте време за пакување. Не го оставајте пакувањето до последната минута. Наместо тоа, потрошете 10 минути за пакување секој ден во неделата, сѐ до вашето заминување. На овој начин, пакувањето ќе

биде помалку застрашувачко и поефикасно, бидејќи ќе имате време посвесно да одберете што ќе земете со вас, наместо да нафрлате случајни работи во вашиот куфер, половина час пред да заминете.

4. Пакување во кеси за вакумирање. Ако не сте некој што носи малку облека, обидете се да пакувате со кеси за вакумирање. Користете кеси за вакумирање со компресија и ќе бидете изненадени од тоа колку дополнителен простор има во вашиот куфер.

5. Кеси со практичен зип затворач. Ако летате со авион, кесите со практичен зип затворач за вашите течности треба да биде важен дел од вашиот список за пакување. Не само поради безбедносната проверка на аеродромот, туку и поради тоа што спречува течностите да се истурат врз вашата облека. Тие исто така можат да бидат многу погодни за организирање на помали предмети, како што се лекови, мали електрични апарати и за други потреби.

6. Останете позитивни. Имајте на ум дека ова е почеток на вашиот одмор. Не дозволувајте стресот од пакувањето да го уништи.

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност.

Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice