Внесете нова енергија во вашиот дом - Gorenje

Внесете нова енергија во вашиот дом

ДОМ
21.3.2018

Пролетното време е одлично време за преуредување на вашиот дом. Уредете го, така што ќе изгледа попростран, исполнет со мир и со свежа енергија. Верувајте ни, веднаш ќе се почувствувате подобро.

Одлуката за тоа што треба да остане и без што ќе ви биде подобро, може да биде мошне тешка задача, па затоа започнете со мали потези, но бидете упорни.

Еве шест прашања што ќе ви помогнат мудро да одлучувате.

1. Дали го користев ова оваа или минатата година? Ако не, тогаш најверојатно не ви треба.

2. Дали би го купил(а) ако сега пазарувам? Ако одговорот е не, тогаш зошто да го чувате?

3. Дали го чувам само затоа што инвестирав пари во него пред извесно време? Ако не го користите, вие секако сте ги потрошиле парите, па можете да го донирате некому на кому ќе му треба.

4. Дали имам слични предмети за истата цел? Ослободете се од сите освен од еден.

5. Дали тоа ми одговара на мене или на моето место? Ако тоа не прави да изгледате или да се чувствувате добро, нема потреба да го чувате.

6. Дали го чувам ова од сентиментални причини? Тоа е во ред, затоа чувајте само неколку, во кутијата за спомени!

Oткако сте сфатиле од што сакате да се ослободите, размислете што ќе направите со работите што ги отстранивте. Постојат многу подобри опции отколку едноставно да ги фрлите. Може да ги донирате на пријателите, на роднините или во добротворни цели, да ги продавате онлајн или можеби да најдете начин да ги рециклирате. Во секој случај, отстранувањето на она што не ви треба, ќе создаде повеќе простор за животот што го сакате.

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност. Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.


Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice