Совети за подобар квалитет на воздухот - Gorenje

Совети за подобар квалитет на воздухот

ДОМ
20.12.2017
Пак е зима. Многу здравствени проблеми се поврзани со лошиот квалитет на воздухот во добро затворените простории.

Обидете се со неколку совети за освежување:

1. Отворете ги прозорците и вратите кога можете. Дури и ако е многу студено, накратко отворете еден прозорец или два најмалку 10 минути секој ден.

2. Чистете редовно. Честите чистења со правосмукалка ги намалуваат загадувачите во воздухот како што се мувлата, поленот, бактерии од миленичињата и грини од прашината.

3. Внимавајте на влагата. Чувајте ја влажноста во вашите простории во домот во опсег од 30 до 60%. Тоа лесно се постигнува со помош на ултразвучен навлажнувач. Соодветната влажност ќе го заштити вашето семејство од непријатностите што може да ги предизвика сувиот воздух.

4. Користете нетоксични средства за чистење. Особено кога се чисти во зимско време, кога вентилацијата е обично помалку ефикасна, пареата од хемикалиите останува во домот и на површините кои се чистат со нив.

5. Постелнината одржувајте ја чиста. Постелнината перете ја често (еднаш неделно) на висока температура за да ги отстраните микроорганизмите и бактериите што се создаваат од прашината.

6. Одржувајте го вашиот дом во зеленило. Многу растенија како бамбусовата палма и спатифилумот се познати како прочистувачи на воздухот поради нивната способност да ги апсорбираат токсините од воздухот. За најдобри резултати, ставете толкав број на растенија кои го чистат воздухот колку што можете да се грижите за нив во просториите што најмногу ги користите.

Свеж воздух за вашето семејство

Навлажнувачите за воздух од Gorenje овозможуваат подобар квалитет на воздух и влажност во вашиот дом. Тие го штитат целото семејство од непријатноста на сувиот воздух, од проблеми со дишењето и од затнување на нос. Вистинското ниво на влажност ги намалува проблемите предизвикани од статичкиот електрицитет. Но, не се работи само за влажноста. Оптималниот квалитет на воздухот ги тера сите да се чувствуваат опуштено и освежено. Користењето на навлажнувачот од Gorenje ќе значи грижи за добробитта во вашиот дом.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice