Пролетно чистење на вашиот плакар - Gorenje

Пролетно чистење на вашата облека

ДОМ
15.2.2018

Пролетта е исто така време кога ги преместуваме зимските алишта и почнуваме да бараме потенки алишта. Еве некои важни работи што треба да ги направите, за да ги чувате вашите алишта во најдобра состојба и да заштедите време.

1. Дали е суво? По перењето на облеката, бидете сигурни дека таа е целосно сува пред да ја ставите во плакарот.

2. Не плашете се од јакната. Можете да ги исперете вашите јакни дома. Едноставно здиплете ги правилно за да избегнете оштетување и одберете ја програмата Down на вашата машина за перење. По завршувањето на циклусот, јакната добро протресете ја пред да ја ставите во машината за сушење. Повторно поставете ја програмата Down и додадете неколку топки за сушење во машината за сушење за да ги направите помеки. Исто така може да користите и (чисти) тениски топчиња. Погледнете го видеото.

3. Освежете ја! Освежете ја летната облека пред употреба. Не треба повторно да ја перете пред првата употреба. Модерните машини за перење и за сушење имаат неколку ReFresh опции. За најдобри резултати може да ја користите програмата Refresh Steam на вашата SteamTech машина за сушење. Како дополнителна придобивка, вашата облека ќе биде мазна и нема да бара некое особено долго пеглање.

4. Ви снемало омекнувач? Само додадете неколку капки етерично масло во резервоарот за кондензација на SteamTech машината за сушење и стиснете ја програмата Refresh Steam.

5. Сега, е ред на машината за перење. Чистењето на машината за перење ќе ги отстрани сите мириси и ќе додаде дополнителна свежина на вашата облека. Само додадете половина чаша (1 dl) алкохолен оцет во делот за детергент, а потоа додадете 3 супени лажици сода бикарбона директно во барабанот. Стартувајте ја програмата SterilTub и на крајот од циклусот избришете ја гумата со крпа. Дополнителен совет: оставете ја вратата на машината за перење малку отворена по секој циклус, за да се остави внатрешноста целосно да се исуши. Кликнете за да го видите видеото.

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност. Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice