Како да ја одберете вистинската машина за перење - Gorenje

Како да ја одберете вистинската машина за перење

ДОМ
23.8.2018

Сите машини за перење не се направени за да бидат исти. Вистинската машина за перење ќе го поедностави вашиот живот, а ќе ја испорача најдобрата вредност за вашите пари. За да ви помогнеме да го пронајдете вистинскиот избор за вас, го составивме овој едноставен водич:

Колку простор имате за машината за перење? Пред да купите машина за перење, важно е да знаете каде ќе ја поставите. Ако сакате да ја ставите машината во тесен простор, може да ги разгледате тесните модели кои бараат само 43 cm длабочина.

Колку облека обично перете во текот на една недела? Доколку обично перете голема количина облека, размислете за инвестирање во машина за перење со голем капацитет која може да испере до 10 kg облека во едно полнење. Ако имате само неколку алишта за перење секој пат, помала машина за перење со капацитет од 6 kg ќе биде посоодветна.

Колку е валкана обично облеката што ја перете? Ако ви треба дополнителна помош во борбата против тврдокорните дамки, побарајте машина за перење со посебнa програмa за отстранување дамки. Технологијата со јони, исто така, се покажа како многу ефикасен начин да се елиминираат дамките, дури и при ниски температури и без дополнителни хемикалии.

Дали сте вие или некој од вашата фамилија склон кон алергии? Некои машини за перење имаат програми кои користат повисока температура и дополнително плакнење за ефикасно да ги елиминираат алергените и да ја заштитат нежната кожа.

Колку го мразите пеглањето? Машините за перење со програма за пареа може да ги омекнат влакната, што значително ги намалува тутканиците и го минимизира времето потребно за пеглање. Бонус: пареата исто така може да ги отстрани алергените и бактериите.

Сепак не можете да одлучите? Ана, нашиот виртуелен шопинг асистент ќе биде среќна да ви помогне! Може да разговарате со неа тука.

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност.

Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice