7 новогодишни одлуки за поедноставен живот - Gorenje

7 новогодишни одлуки за поедноставен живот

ДОМ
28.11.2017

Дали некогаш сте се чувствувале преморени и постојано зафатени? Дали би сакале да имате повеќе време за вас и за вашите најблиски? Што се случува со вашето заборавено хоби? Наоѓањето рамнотежа во нашиот зафатен и сложен свет понекогаш може да се покаже како тешка задача, но овие 7 новогодишни одлуки може да донесат едноставност во вашиот секојдневен живот.

1. Фокусирајте се.

Прифатете го тоа дека промената не може да се случи преку ноќ и одредете на кои приоритетни области во вашиот живот најпрво ќе се фокусирате во процесот на поедноставување. И не заборавајте да ги прославите вашите победи, дури и најмалите!

2. Пронајдете пријател во процесот на поедноставување.

Поедноставувањето на животот може да звучи како нешто што се постигнува без напор на 1-ви јануари, кога сте возбудени за годината што следи и исполнети со нови планови, но лесно се губи фокусот во зафатениот секојдневен живот.

Ќе бидете одговорни пред Вашиот пријател кога ќе скршнете од целта за поедноставување на животот и ќе ви помогне да се сетите што е тоа што е навистина важно.

3. Купувајте помалку и со цел.

Изработката на неделните шопинг-планови може да заштеди време и пари, да го намали стресот и дури и да ви помогне да јадете здраво, бидејќи ќе има помалку искушенија во последен момент. Не грижете се, може да се потпрете на вашиот фрижидер за да ги чувате свежи овошјето и зеленчукот.

4. Исклучете се.

Кога последен пат сте ги виделе вашите пријатели? Сте прочитале добра книга? Сте прошетале во паркот? На вашиот мозок му треба време во кое ќе се исклучите за да се одмори, па затоа планирајте еден час секој ден кога ќе го исклучите компјутерот, ќе го спуштите телефонот и ќе уживате во активностите што ве полнат со енергија.

5. Спријателете се со вашата машина за перење.

Добро погледнете ги сите копчиња и копчињата што не ги користите и можеби ќе откриете некои корисни функции кои ќе ви помогнат да го направите вашиот живот многу полесен. Можеби би можеле да ја поставите вашата машина за миење садови да почне да мие за време на часовите со пониска стапка на моќност или вашата индукциска плоча за готвење може да осигура чорбата да остане топла додека вашиот партнер не се врати дома од работа, а сето тоа да се оствари независно од вашето присуство.

6. Креирајте рутини.

Автоматизирајте некои процеси, на пример, перењето на алиштата или плаќањето на сметките, а тоа ќе ви заштеди време и енергија за извршување на здодевните секојдневни обврски кои никој не ги сака.

7. Ослободете се од нередот.

Помалку работи значат помалку чистење и повеќе простор, но средувањето на нередот може да биде тешка задача ако тоа не сте го направиле подолго време. Изберете мали области, каде што брзо можете да направите големо преместување, на пример, вашата работна маса или само една фиока во кујната и средете ја.

Дополнителен совет: Претплатете се на нашиот newsletter и добивајте ја вашата редовна доза на сугестии за едноставен живот (LifeSimplified), пратена директно до вашето сандаче.

Квалификувани да ја завршат вашата работа.

Новите машини за миење садови од Gorenje се инспирирани од модерниот начин на живот. Доволно флексибилни за да се справат со која било задача, тие беа создадени имајќи ја на ум динамиката на секојдневниот живот.

Комплетно се приспособува на секоја ваша потреба, нудејќи ви различни функции и целосно приспособлив и индивидуализиран ентериер. Изобилството на функции ќе ви даде време да уживате во поважните работи во животот.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice