5 едноставни идеи за пријатни есенски вечери дома - Gorenje

5 едноставни идеи за пријатни есенски вечери дома

ДОМ
18.10.2018

Летото официјално е завршено и влеговме во поладната половина од годината. Со настапувањето на постудените и подолги вечери, обично, повеќе време поминуваме внатре во домот. За да ги направите овие вечери колку што е можно поудобни и попријатни, креирајте топла и пријатна атмосфера во вашиот дом со следење на следните совети.

Свежи мирисливи свеќи. Ништо не го потхранува расположението за пријатна вечер како миризливи свеќи. Ставете ги на полици, на полиците од прозорците и на малите масички, а потоа седнете и уживајте во меката светлина и во убавиот мирис што го шират. Ако сакате да додадете некои терапевтски придобивки, изберете свеќа со есенцијални масла. Изберете богати и пријатни мириси, како што се багремот, темјанот и килибарот, кои ја доловуваат аромата на оган на отворено што потпукнува.

Подгответе вкусна вечера. Планирајте однапред, побарајте рецепт кој порано не сте го подготвувале и прифатете го предизвикот со вашиот партнер или со децата. Можеби има рецепт што баба ви го подготвувала, а сега вие сакате да го обновите?

Или амбициозен оброк од вашиот омилен славен готвач? Направете ја оваа обична вечер посебна со забавни активности за целото семејство. За да го надоместите времето поминато во подготовка на целата храна, направете повеќе отколку што треба и замрзнете го остатокот за лесен оброк за неколку дена подоцна.

Пуштете музика. Во зависност од вашето расположение и преференции, тоа би можело да биде или нешто што ќе ве натера да играте (кој рече дека е тешко да се вежба за време на студените месеци?) или тивка нежна музика во позадина да се опуштите уште повеќе додека уживате во вечер на каучот со чаша совршено изладено вино и добра книга.

Печете празнични слатки. Без разлика дали сакате да печете божиќни колачиња како подароци за вашите пријатели и за семејството, или сте одлучиле дека само чоколадните брауни се доволни да се послужат со чаша вино, рајскиот мирис на печивата ќе го направи вашиот дом да мириса толку добро, така што нема да посакате овие долги зимски вечери некогаш да завршат.

Облечете се за специјалната пригода. Бидете сигурни дека ви е толку удобно колку што е можно, тоа е сѐ. Најдете ги оние топли волнени чорапи, пријатните хеланки и ситноплетениот џемпер. Ставете неколку ќебиња на софата. Додајте неколку капки од вашето омилено етерично масло во водата на програмата на пареа во вашата машина за сушење за да направите алиштата да мирисаат екстра пријатно. Сега сѐ што остана да направите е да изберете добар филм за гледање!

WaveActive машините за сушење од Gorenje се направени за да се заврши работата на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за сушење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  1. Програми дизајнирани да ги освежат влакната на алиштата за да ги омекнат и да ги намалат наборите.
  2. IonTech - воздухот полн со негативни јони ја суши облеката и го отстранува поголемиот дел од алергените и бактериите.
  3. SteamTech овозможува дополнителен третман со пареа на крајот од одбраната програма.

Можеби би сакале да прочитате:

123
Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice