|
|
|
- Gorenje се формира во малото истоимено село. Во почетокот, фирмата се занимава со производство на земјоделски машини и со набавка на градежни материјали.
- Во 1958 година ја шири својата дејност со производство на шпорети што работат на тврди горива. Потоа, се сели во соседниот град Велење и почнува да ги шири своите услужни дејности.
|
|
|
|
- Компанијата го проширува своето производство со машини за перење и фрижидери и станува водечки производител на апарати за домаќинство во тогашна Југославија.
- Во 1961 година Gorenje го прави првиот извоз – 200 шпорети за Германија.
|
|
|
|
- Gorenje почнува да превзема други компании. Го проширува производството со изработка на кујнски елементи, керамика, медицинска опрема, телекомуникациски единици, телевизори и други електрични апарати – навистина комплетен ранг на производи за домот.
- Компанијата, која во тоа време е присутна речиси во сите републики во Југославија, вработи над 20.000 луѓе. Се превземаа првите чекори кон формирање на дистрибутивна и продажна мрежа низ Западна Европа, за што беа формирани компании во Германија, Австрија, Франција, Данска, Австралија и Италија.
|
|
|
|
- Период на стопирањето на инвестициите во непрофитабилното производство и комерцијалните дејности и како резултат на тоа, рефокусирање кон областите во кои Gorenje има најголемо искуство и производи со најголемо значење – апаратите за домаќинство.
- Се прошируваат извозните пазари, вклучувајќи ги Велика Британија и САД.
|
|
|
|
- Реструктуирање на Gorenje, од неодамнешниот социјалистички систем на самоуправување, во акционерско друштво и целосно приватизирана компанија што функционира во рамките на пазарна економија во развој.
- Заради губењето на домашниот пазар, предизвикано од распадот на Југославија, овој период го обележува интензивното реориентирање кон експанзија на извозот.
- Со промените што се случуваа во регионот и со развојот на нови пазарни економии се формираа компании и во Источна Европа (Чешка, Унгарија, Полска,Бугарија и Словачка). Дополнително, се реоформија и компании во новите држави што произлегоа од распадот на Југославија.
|
|
|
|
- По целосната трансформација, од државно претпријатие, Gorenje станува акционерско друштво. Во последните години Групацијата работи на воспоставување нови технологии и стандарди за заштита на животната средина и на повторното освојување на пазарите од некогашна Југославија.
- Последнава деценија беше период на огромни инвестиции во експанзијата и модернизацијата на производните услуги,отворање на нови пазари, вградување на еколошки и иновативни технологии, обезбедување на нови магацински услуги, како и производство на производи од пластика и пакување.
- Новите производни линии на Gorenje се истакнуваат со својот висок квалитет, модерен дизајн како и со фактот што се едноставни за употреба и безбедни за животната средина.
- Во согласност со своите стратешки планови, Gorenje внесува нов концепт во својата бизнис-доктрина, попознат како Сè за домот.
|
|
|