The Gorenje GroupПроизводиПресКонтакт
 

пребарувај >>>

Прашајте >>>







Дополнителен греен елемент >>>

Повеќето рерни имаат три грејни елементи, рерните Gorenje имаат четири. Четвртиот греен елемент е поставен околу вентилаторот на задната страна од рерната. Така, дополнителната топлина рамномерно се шири низ целата рерна, па резултатите од печењето се одлични.

Воздушно проветрување >>>

Шпоретите Gorenje имаат ефикасен систем за одведување на пареата од рерната, низ посебен тесен отвор на задната страна од местото за готвење. Системот за проветрување го води воздухот директно кон аспираторот. Нема повеќе ширење на разни мириси низ просторијата.

Печење на три нивоа >>>

Бидејќи топлината е рамномерно распространета низ рерната, може истовремено да прчете на три од петте нивоа. Така штедите време и енергија, а резултатот е подеднакво добар како да печете на едно ниво.

Електронски тајмер >>>

Дозволете Gorenje да го мери времето. Користиме најнови електронски програмски часовници кои го покажуваат времето и овозможуваат да се постави времето на почеток и времетраењето на печењето. За крајот на печењето ве предупредува звучен сигнал, а рерната автоматски се исклучува.

Елегантни копчиња >>>

Рерните Gorenje имаат најразлични копчиња. Некои имаат вградено светло. Некои се управуваат со допир, а некои се вградени во дисплејот и ги извлекувате кога сакате да готвите. 

Гас на стаклокерамика >>>

Во широката понуда на шпорети Gorenje, има и такви што имаат горачи на гас на стаклокерамика. Ќе добиете вкус на професионално готвење, чистењето ќе биде едноставно, а дизајнот е прекрасен.

Wok горилник >>>

Посебен горач на гас со двокружен пламен (wok) дава поголема моќност и овозможува загревање на садот од сите страни. На тој начин можете да подготвите јадење во неколку минути и да зачувате повеќе хранливи материи, одколку со било кој друг начин на готвење. Зеленчукот нема де се превари, а храната ќе ги зачува витамините, минералите и вкусот.

Управување со допир >>>

Стаклокерамичките места за готвење кои се управуваат со допир се извонредно прегледни и обезбедуваат целосен надзор над делот за управување. 12 сензори овозможуваат непосредно управување со секој поединечен грејач. Со правилна комбинација може да се заклучи местото за готвење, со што им оневозможувате на децата неконтролирана употреба на шпоретот.

Индукциско место за готвење >>>

Индукциските места за готвење на Gorenje се побрзи од тие на гас и од кои било други досега познати. Таа нова технологија овозможува загревање само на оној дел од местото за готвење на кој е поставен садот. Преостанатата површина останува ладна. Во моментот кога ќе го отстраните садот, местото за готвење повторно станува ладно.

Шпоретите Gorenje се опремени со технолошки напредни карактеристики што ќе ви овозможат поголема контрола - и подобри резултати. Паметен шпорет со електронски мозок. Новите шпорети Gorenje преку електронски покажувач ве советуваат како да подготвите најразлични јадења на наједноставен начин. Со едноставно притискање на копче избирате програма, а шпоретот сам ја избира соодветната температура и времето на печење. Искусните во кујната може да му кажат на шпоретот што да направи, а шпоретот ќе им помогне на сите почетници.