Gorenje посебно ќе се фокусира на Европските маркети; посебно ќе бидат третирани источниот и југоисточниот регион од континентот затоа што обезбедуваат најдоходовни можности за развој и пораст. Компанијата ќе полага особено внимание на исплатливоста и на постојаното дотерување на производите и на процесите. Групацијата активно ќе се вклучува во интегрирањето на сродните процеси и ќе ги набљудува можностите за остварување на партнерски претпријатија.
Вработените во Gorenje Group имаат знаење, умешност и вештина да допринесуваат во конкурентноста на компанијата. Затоа, понатамошниот развој на работната сила останува приоритетна тема.
|