Холдинг компанијата и Gorenje Group го интегрираат своето целокупно знаење и искуство, акумулирани во последниот половина век, за да им одговорат на предизвиците на сегашноста, кои, за возврат, ќе му овозможат на Gorenje да ги постигне своите стратешки цели.
Gorenje настојува да стане оперативно флекибилна компанија.
Ваквата стратегија на оперативна флексибилност бара постојано следење на промените што се појавуваат во комерцијалната средина, соодветна евалуација и употребливост на стекнатите капацитети за да се одговори на развојот и на пазарната еволуција, како и воспоставување на услови што овозможуваат имплементирање и приспособување на параметрите поврзани со развојот.
Горе-споменатите процеси се одвиваат во секое оперативно ниво на индивидуалните компании што ја сочинуваат Групацијата, како и во конгломератот Gorenje, како хомогена единка; истото важи и за нивото на услуги и производство, за методологиите и технологиите што се однесуваат на производството на потрошувачки добра и на обезбедувањето сервис, како и за односот со потрошувачите, добавувачите, вработените...
Gorenje ќе продолжи да развива нови активности што долготрајно ќе допринесуваат во одржливиот развој на компанијата и во взаемното задоволство на неговите акционери, бизнис-партнери, вработени, животната средина и – секако – задоволството на потрошувачот.
|